27 Ноември, 2024
0.0575

„НЕ СУМ РАЗМИСЛУВАЛ ДА БИДАМ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ, ВО ФОКУСОТ МИ Е ЕКОНОМИЈАТА“ - првиот финансиер Бесими го кажа својот став

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Исполнувањето на политичкиот договор за поставување премиер Албанец во предизборниот период е инвестиција во заедничката иднина и конкретен одговор на сите предрасуди коишто не следат од минатото, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими во интервју за Телевизија 24, а пренесе неговиот Кабинет.

Тој посочи дека тоа не е само предизборно ветување, туку градење на меѓусебната доверба, зацврстување на темелите на една заедничка држава, преземање одговорност и порака за еднаквост и еднакви можности. Тоа е следење и на европските вредности, мултиетничко, мултикултурно општество, со меѓусебно разбирање и толеранција, кое функционира во интерес на обезбедување просперитет и подобар животен стандард за сите граѓани. 

„Македонија е во фаза кога веќе има отворено преговори за членство во ЕУ. Таа е членка во НАТО, ние учествуваме во различни мисии на сојузниците и пред членството, Авганистан, Кабул, рамо до рамо со американските војници како еднакви. Нашите војници беа во обезбедување на главниот штаб на НАТО. Што беше главната порака при мојата посета таму како министер за одбрана? Американскиот генерал истакна дека тој „им верува на нашите војници“. Тоа е тоа што ние го правиме на меѓународно ниво, а треба да го направиме и тука во зајакнување на меѓусебната доверба. Значи инвестиција во доверба и преземање одговорност.“, посочи Бесими.

Во однос на прашањето дали лично е едно од кадровските решенија за премиер, министерот го истакна следното - „Секој граѓанин треба да знае дека без разлика на етничката припадност тој, кој и да биде премиер во Владата на нашата земја, ќе биде за сите граѓани. Така што тука од тој аспект сигурно ќе биде некој што компетентно ќе ја заврши работата, јас ниту сум размислувал, ниту сега размислувам за тоа, во оваа фаза мојот единствен фокус е справувањето со економско-финансиските предизвици кои се во моја надлежност како министер за финансии“.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава