27 Ноември, 2024
0.0263

„НЕЛИГИТИМНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ПОКАЖУВА ВИСОК СТЕПЕН НА НЕСПОСОБНОСТ“: ДУИ бара оставка од Таравари

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Оставка од Министерот за здравство, Арбен Таравари и преземање одговорност за немилите настани изминативе месеци бара Демократската унија за интеграција по неколкуте смртни случаи на Детската клиника.

- Во изминатите месеци, здравствениот систем во Северна Македонија доживеа трагични настани кои длабоко ја потресоа јавноста. Необјаснивите загуби на животи на деца во Педијатриската клиника се јасен аларм за сериозната состојба во која се наоѓа нашето здравство.

Дополнително, загрижувачки е да се забележи намерната тенденција за маргинализација и замена на албанскиот медицински персонал со македонски кадар, како што е последниот случај во Здравствениот дом во Куманово. Овие постапки не само што ја поткопуваат внатрешната кохезија на здравствените институции, туку и го нарушуваат квалитетот на услугите што им се нудат на нашите граѓани - пишува во соопштението испратено до медиумите. 

Од ДУИ укажуваат дека иако се случуваат немили настани, „во меѓувреме, министерот за здравство изгледа повеќе ангажиран во туристички патувања во Дубаи и партиски активности, занемарувајќи ги своите обврски кон граѓаните“. 

Потенцираат дека овој недостаток на посветеност и одговорност е неприфатлив, особено кога здравјето и животот на нашите деца се во опасност.

- Покрај тоа, јасно е дека нелегитимниот министер за здравство, кој дејствува како марионета на ВМРО и е вклучен во корупција, покажува и висок степен на неспособност во управувањето со здравствениот сектор. Оваа комбинација на сервилност, корупција и неспособност води кон длабока криза, каде што нашите граѓани ја плаќаат највисоката цена.

Граѓаните бараат министерот за здравство веднаш да поднесе оставка и да преземе одговорност за овие сериозни неуспеси. Исто така, повикуваме на независна и транспарентна истрага за последните смртни случаи во Педијатриската клиника и на итно запирање на дискриминацијата кон албанскиот медицински персонал - нагласуваат од ДУИ.

Од партијата дополнуваат дека е време да се стават интересите на граѓаните и здравјето на децата над личните амбиции и политичките агенди. 

- Ние нема да останеме неми пред оваа неправда и ќе продолжиме да се бориме за здравствен систем кој им служи на сите граѓани - заклучуваат во соопштението. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава