27 Септември, 2024
0.0281

Нема помош за Кипар, Брисел бара контрола на перењето пари

Објавено во: Свет 12 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Министрите за финансии на Еврогрупата не постигнаа договор финансиска помош од 17,5 милјарди евра за Кипар кој е загрозен од банкрот. Како што пренесуваат грчките медиуми, пред да се постигне конкретен договор министрите за финансии на еврозоната побараа да се донесе одлука со која ќе се контролира придржувањето на Кипар до законите против перење пари. Уште пред вчерашната седница во Брисел набљудувачите оценија дека Еврогрупата пред да донесе одлука ќе ги почека резултатите од изборите во средоземноморската земја, закажани за средината на февруари. На наредната седница, на почетокот на март, треба повторно да се разговара за состојбата на Кипар. Еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд се во преговори со Кипар за пакет помош со волумен од 17,5 милијарди евра, поради тоа што банките во таа земја се најдоа во голема криза по отпишувањето на дел од долговите за Грција. Кипар поднесе барање за помош минатото лето. Како услов кој мора да биде исполнет за да се добие помош од фондовите за спас на ЕУ, министрите на Еврогрупата го поставија ефикасното спроведување на мерките за спречување на перење пари. За тоа да се контролира, една приватна фирма по налог на Еврогрупата ќе врши контрола дали владата во Никозија тоа го прави доволно решително. Кипар ги демантира обвинувањата за перење пари преку банките во земјата

Можеби ќе ве интересира

НОВ ПАКЕТ: Какво оружје испраќа САД во Украина?

НОВ ПАКЕТ: Какво оружје испраќа САД во Украина?

ЛИБАН: Повеќе од 70.000 луѓе се на улица

ЛИБАН: Повеќе од 70.000 луѓе се на улица

КОПНЕНАТА ИНВАЗИЈА НА ИЗРАЕЛ ВО ЛИБАН: Експерт анализира дали ќе се случи и колку долго би можела да трае

КОПНЕНАТА ИНВАЗИЈА НА ИЗРАЕЛ ВО ЛИБАН: Експерт анализира дали ќе се случи и колку долго би можела да трае

РУСКАТА СЛУЖБА ОТКРИ КОЈ УЧЕСТВУВАЛ ВО ЕКСПЛОЗИИТЕ НА „СЕВЕРЕН ТЕК“ - прстот го вперија кон две земји

РУСКАТА СЛУЖБА ОТКРИ КОЈ УЧЕСТВУВАЛ ВО ЕКСПЛОЗИИТЕ НА „СЕВЕРЕН ТЕК“ - прстот го вперија кон две земји

Ќе го пукне ли како балон Нетанјаху митот за непобедливоста на Хезболах?

Ќе го пукне ли како балон Нетанјаху митот за непобедливоста на Хезболах?

ПОКРЕНАТА ТУЖБА ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК - ова се случува прв пат во историјата на градот

ПОКРЕНАТА ТУЖБА ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК - ова се случува прв пат во историјата на градот

ВОЈНА МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХЕЗБОЛАХ: Дали е неизбежна?

ВОЈНА МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХЕЗБОЛАХ: Дали е неизбежна?

„КОЈ ПРВ ЌЕ ПОВЛЕЧЕ ЌЕ БИДЕ ПРОКОЛНАТ“: Светот не би ѝ простил на Русија за користење нуклеарно оружје

„КОЈ ПРВ ЌЕ ПОВЛЕЧЕ ЌЕ БИДЕ ПРОКОЛНАТ“: Светот не би ѝ простил на Русија за користење нуклеарно оружје

СО НОВ СУПЕР БРЗ ВОЗ ОД БЕРЛИН ДО ПАРИЗ: Ќе се стигнува за осум часа, почетна цена за карта е 60 евра

СО НОВ СУПЕР БРЗ ВОЗ ОД БЕРЛИН ДО ПАРИЗ: Ќе се стигнува за осум часа, почетна цена за карта е 60 евра