Добивај вести на Viber
Во понеделник здружени неколку Граѓански здруженија и иницијативи организираат протест во знак на револт од енормно загаденот воздух во главниот град и земјава.
„Времето не гази, а воздухот и понатаму ни го зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта не демнат и нас и нашите блиски и нашите деца! Доста е! Се здруживме и одлучивме дека ќе кажеме НЕ!“, стои во пораката со која го најави протестот насловен ако „
ИЗЛЕЗИ ЗА ВОЗДУХ“.
Тие ги повикаа сите кои дишат, а не сакаат да умрат, да им се приклучат на протест на 28ми декември (понеделник) во 17:00 часот пред Владата на Република Македонија.
Протестираме против загадувањето на воздухот!
Протестираме за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити нашето здравје!
Излези за воздух!
Граѓански здруженија и иницијативи:
- Еко Свест
- Фронт 21/42
- Eco Guerilla (Тетово)
- За нас се работи (Битола)
- Заслужуваме подобро!
- Воздух Сега!
- Ние сме Карпош 4
- Ајде!
- No Pasaran!
- Факултет за работи што не се учат
- Стоп за фабриката Железара
- Ќе дишеме или ќе издишеме
- Скопје Смог Аларм
- Стоп за загадувањето на Аеродром и Гази Баба
- Го сакам ГТЦ
- Плоштад Слобода
- Профицио