07 Октомври, 2024
0.0327

Невработеноста – огромна закана за економијата на еврозоната

Објавено во: Економија 25 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Високите и различни нивоа на невработеност во Европа претставуваат сериозна закана за економскиот раст на регионот долгорочно. За ова предупредија централни банкари и економисти за време на конференција организирана од Европската централна банка (ЕЦБ) која се одржа викендов, пренесува „MarketWatch“.

Весникот посочува дека тие не понудиле конкретни мерки во однос на најдоброто што може да се направи.

Семинарот на ЕЦБ, кој е втор и е дел од плановите на банката да го претвори во годишна конференција во туристичката португалска населба Синтра, ги собра централните банкари и економисти од Европа, САД и Азија. Тие се обидоа да најдат разрешница за причините на високата невработеност и упорно ниската инфлација во Европа.

Учесниците застанаа подетално на економскиот концепт познат како хистерезис. Станува збор за намалување на производството поради слабиот раст, поради кој пак расте долгорочната невработеност. Лекот за слични проблеми сепак го поседуваат фискалните власти, а не централните банкари кои не ги дефинираат работните и други економски политики. Општо земено на конференцијата не присуствуваа претставници на бизнис или министри за финансии.

Но, претседателот на ЕЦБ Марио Драги предупреди дека цената на централните банкари да молчат е висока. Ова важи со полна сила за еврозоната, каде различни земји ги дефинираат сопствените економски и фискални политики, но делат заедничка валута и монетарна унија.

„Во монетарна унија не можеш да си дозволиш да имаш големи и зголемување на структурните разлики меѓу земјите“, изјавил Драги во саботата.

„Тие имаат тенденција да бидат експлозивни и оттаму - можат да претставуваат закана за постоењето на монетарната унија“.

Еврозоната е втората по големина економија по САД. Но во последните години таа стана една од главните проблеми на светската економија, станувајќи со серија од рецесии од 2009 година, како последица на што невработеноста се искачи на двоцифрена бројка. Регионот започна да се опоравува, но штетата предизвика големи разлики во однос на невработеноста во еврозоната.

Во извештајот претставен на конференцијата, главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд Оливие Бланшар истакнал дека предизвиците со кои се соочуваат централните банкари, за да ги исполнат своите цели за инфлација во времиња во кои разликите во производството предизвикани од рецесијата, имаат само мал ефект врз инфлацијата.

Иако широката согласност за итноста на генерирање на долготраен раст и отстранување на бариерите во вработувањето, специфичните решенија беа оскудни. Со ова се нагласува тешкотијата при претворањето на идеите за подобрување на продуктивноста во конкретни предлози, кои можат да бидат одобрени од страна на националните влади.

Шефот на Германскиот совет од економски експерти Кристоф Шмит коментира дека успехот на Германија за време на кризата во однос на зачувување на работните места преку пренесување на работници со скратено работно време нема сигурно да важи и за другите европски земји, бидејќи германските индустрии биле силно конкурентни и покрај негативниот шок за производство во 2009 година.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми