27 Ноември, 2024
0.0295

НИНА НЕДАНОСКА, МОДЕРАТОР НА НАСТАНОТ „ОТВОРЕНИ ЗА БИЗНИС: ИЗРАБОТЕНО ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН, ПОДДРЖАНО ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА“

Објавено во: Мои пари 05 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Денеска, во хотелот „Александар Палас“, се одржа настанот „Отворени за бизнис: Изработено во Западен Балкан, поддржано од Европска Унија“ (Open4business: Made in the Western Balkans, Supported by the European Union), на кој свое учество како модератор имаше и г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Дискусијата на панелите беше насочена кон микро, малите, средните претпријатија и локалните финансиски институции, односно како преку финансиската поддршка на ЕУ се зајакнува конкурентноста на компаниите во регионот. На настанот се говореше за три клучни елементи: Партнерство со банки – како поддршката од ЕУ може да направи разлика за одржливоста на ММСП и пристапот до финансии, како ЕУ, ЕБОР и локалните финансиски институции ги здружуваат силите за да ја зајакнат конкурентноста на ММСП во Западен Балкан преку финансии и советување, и финансирање зелени инвестиции – ангажман на KfW и GGF во Западен Балкан.

Г-ѓа Нина Неданоска во своето обраќање се фокусираше на заедничките сили на ЕБОР, на ЕУ и на локалните финансиски институции, придонесот на ЕУ во проектот како и придобивките од проектот. ЕБОР ги поддржува малите и средните претпријатија со вредни советодавни услуги преку своите совети за мали бизниси. Поддржана од ЕУ, програмата е дизајнирана да им помогне на бизнисите да стекнат знаење и да ги подобрат своите перформанси во области од управување со квалитет, маркетинг или финансиски менаџмент, човечки ресурси итн.

Во своето обраќање, г-ѓа Нина Неданоска истакна: „Во партнерство со ЕУ, ЕБОР им помага на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Западен Балкан да се подготват за пристапување во ЕУ преку поддршка на нивните инвестиции, со цел да ги достигнат стандардите на ЕУ и да станат поконкурентни. Инвестициите се канализираат преку локалните финансиски институции директно до ММСП за да се поддржи полесниот пристап до финансии, кои тие можат да ги користат за надградба на технологијата, на процесите или на услугите, особено оние поврзани со квалитетот на производите, здравјето и безбедноста и стандардите на ЕУ за животната средина.“

Надоврзувајќи се на успехот на претходните програми во партнерство со ЕБОР, Шпаркасе Банка продолжува да работи на одржливи проекти наменети за зелена транзиција на микро, мали и средни претпријатија како и кредитирање поединци, производители на зелени технологии и даватели на услуги, односно за инвестиции што ја поддржуваат транзицијата кон зелена економија. На тој начин Шпаркасе Банка продолжува да работи во интерес на животната средина и иднината на нашата земја.

пр објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции