19 Декември, 2025
0.0992

НЛБ Банка сертифицирана за Фер финансиски услуги за потрошувачите

Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2022 15:04

Добивај вести на Viber

Организацијата на потрошувачите на Македонија ја сертифицираше НЛБ Банка со сертификат за „Фер финансиски услуги за потрошувачите“.

Сертификатот е потврда за високото реноме кое Банката го има на пазарот, грижата и респективниот однос кон клиентите и заложбите за фер договорни и продажни практики, политики и процедури во интерес на клиентите, точни и навремени продажни информации и практики за едукација на клиентите и развој на финансиската писменост, што практично беа и критериуми врз основа на кои се изврши верификацијата. 

Во просториите на Банката, претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, д-р Маријана Лончар Велкова и официјално му го врачи сертификатот на Претседателот на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ кој во оваа прилика изјави:

„Овој сертификат е уште една потврда за тоа дека нашата Банка е клиентски ориентирана банка. Клиентите се во фокусот на сè што правиме, а нивното задоволство е мотивација повеќе за нас да продолжиме да ја унапредуваме, не само нашата понуда, туку и севкупниот однос кон оние за кои постоиме и работиме. Горди сме на овој сертификат, но и на низа други признанија кои говорат за пристапот на етичност, чесност и фер однос кон клиентите изграден низ годините. Тоа се наши трајни вредности кои продолжуваме да ги негуваме, но истовремено, следејќи ги потребите на клиентите продолжуваме да се развиваме, да ја зголемуваме нашата ефикасност и капацитети затоа што силно веруваме дека јавноста и потрошувачите тоа знаат да го препознаат.“

Претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, д-р Маријана Лончар Велковаупати честитки до НЛБ Банка и истакна:

„Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека НЛБ Банка е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на делувањетo. Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на НЛБ Банка кон процесот на сертификација. Во сите шест дефинирани области за сертификација, Банката ги исполни условите и се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, кој ја верификува обврзаноста на НЛБ Банка и натаму да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе кон нивната доверба и задоволство.“

Проектот за сертификација кој госпроведуваОрганизацијата на потрошувачи на Македонија е дел од проект на ЕУ за унапредување на заштитата на потрошувачите и застапување на нивните интереси во финансиските услуги. Во рамките на постапката за стекнување со сертификатот, Организацијата на потрошувачи на Македонија и НЛБ Банка потпишаа Договор за соработка кој го интегрираше целокупниот процесза верификација на исполнетоста на повеќе критериуми за стекнување статус на носител на сертификатза „Фер финансиски услуги кон потрошувачите.“

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“