16 Декември, 2025
0.1121

НЛБ Банка со нови услуги во мобилното банкарство

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2016 14:29

Добивај вести на Viber

Претседателот на Управниот одбор, Антонио Аргир денеска ги претстави двете нови услуги кои ги воведува НЛБ Банка и со кои се продолжува дигитализацијата во банкарството.

Имено, НЛБ Банка воведе нова и подобрена апликација за мобилно банкарство - НЛБ мКлик и нови Cash In функционалности на НЛБ банкоматите.

Како што соопшти Аргир новата НЛБ мКлик апликација на корисниците им нуди можност за извршување на сите банкарски трансакции, во било кое време и од било кое место, без потреба да одите во Банка.

НЛБ мКлик апликацијата е единствена на пазарот на Македонија, со својот модерен и интуитивен дизајн, можноста за извршување на сите плаќања со само еден клик, како и on-line отворање на трансакциска сметка.

Со цел поголема сигурност и флексибилност при користење на платежните картички на банката , апликацијата нуди единствена можност за промена на лимитите на картичките (за подигање готовина на банкомат, плаќање во продажна мрежа и интернет плаќања).

Исто така, преку оваа апликација, клиентите имаат постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, можат директно да комуницираат со Банката и да го лоцираат најблискиот банкомат или експозитура.

Покрај НЛБ мКлик апликацијата, НЛБ Банка воведе нови функционалности на своите банкомати за уплата на готовина за физички и правни лица (Cash In банкомати). Со ова, физичките лица ќе имаат можност да извршат уплата на својата трансакциска сметка, кредит или платежна картичка, додека пак правницте лица, ќе можат да уплатат готовина од дневен пазар или на бизнис картичка.

Со цел поголема промоција на новите продукти НЛБ Банка води промотивна кампања, во рамките на која сите нови корисници на НЛБ мКлик мобилното банкарство кои ќе аплицираат до 31.07.2016 година, ќе имаат можност за бесплатно користење на апликацијата во времетраење од два месеци.

Дополнително, за правните лица сите уплати на дневен промет преку Cash In банкоматите во период до 31.07.2016 год. ќе се реализираат без провизија за уплатата.

Можеби ќе ве интересира

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк