25 Јануари, 2025
0.0307

Нов спoменик ќе никне кај Холидеј Инн

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

На Кејот 13-ти Номеври во непосредна близина на хотелот Холидеј Инн и Градскиот трговски центар во Скопје, ќе биде поставено новото спомен- обележје на Македонците бегалци од Граѓанската војна во Грција во 1948 година. За Предлог одлуката за утврдување на  потребата за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележјето,советниците од Град Скопје ќе дискутираат на закажаната седница за следната недела. Во образложението се наведува дека спомен- обележјето се поставува  заради одбележување на делото и оддавање почит на Македонците бегалци, кое ќе претставува трајно ликовно одбележување на Македонците бегалци од Граѓанската војна во Грција. Спомен обележјето е скулптурална композиција изработена во бронза и поставена на постамент. -Со Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележје се утврдуваат истакнатите личности кои ќе се одбележат со подигање на спомен-обележје. Македонските бегалци беа жртва на владеењето на монархо-фашистички власти по Граѓанската војна во Грција. Грчките монархофашистички власти започнуваат масовно протерување  на македонското население од Егејска Македонија кое учествувало или го помагало НОФ ( Народно Ослободителен Фронт) и комунистичкото движење. Протерувањето од своите домови, претставува  важен временски период од историјата на македонците бегалци за време на  Граѓанската војна во Грција. Сметаме дека овој трагичен настан треба да биде лекција за идните поколенија за никогаш и никому да не се повтори, се посочува во образложението на Градот Скопје. За подигање на спомен-обележјето финаниски средства се обезбедени од донациите на “Здружението за духовно обединување на Сетинци - Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија - Скопје”. Во образложението се наведува дека за чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележјето ќе се грижи Град Скопје, а парите за таа намена ќе бидат обезбедени од градската каса. Инаку токму ова е шеста донација во вид на спомен-обележје на “Здружението за духовно обединување на Сетинци - Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија - Скопје”. Ова  здружение и стана познато на јавноста откако лани донираше за Град Скопје пет споменици кои се веќе поставени на централни локации низ градот, а тоа се спомениците  на генерал Михајло Апостолски, на Андон Лазов Јанев- Ќосето, на Горги Сугарев, Никола Петров Русински и на Пере Тошев. Опозициската СДСМ обвини дека се работи за фантом-здружение, за кое нема информации како се финансира и како може да донира споменици. -Што работи Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин од Скопје – Македонија, коешто наводно ги донира спомениците во Скопје? Кои се нивните активности? Како се финансира ова здружение, кое што има моќ да донира 5 споменици од по 10 метри? Не се знае ни кој е автор на сомениците, изјави лани Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. Во јавноста излезе информација дека Владата кон крајот на минатата година одлучила и на ова Здружение да му даде дел од колачот од околу 200 000 евра кој го делат 40 здруженија и фондации од државата. СДСМ лани обелодени одлука на Советот на општина Центар од 28 декември 2012 година, време кога ВМРО-ДПМНЕ ја имаше власта во општината. Според таа одлука истото Здружение на Сетинци, Попадинции Крушоради од Лерин во Македонија – Скопје, донирало на општината Ценатр пет споменици. Четири од овие споменици се идентични и според одлуките, а требало да се постават и на истите локации на кои веќе се поставени спомениците. Ј.С      

Можеби ќе ве интересира

Ученик дошол со пиштол на дијаболи во училиште во Чаир, повредена ученичка пренесена во болница

Ученик дошол со пиштол на дијаболи во училиште во Чаир, повредена ученичка пренесена во болница

Три автобуси на ЈСП се запалија за шест месеци, директорот се сомнева во можни диверзии

Три автобуси на ЈСП се запалија за шест месеци, директорот се сомнева во можни диверзии

Продолжен рокот за пријавување за снимање на филмот за Тоше Проески

Продолжен рокот за пријавување за снимање на филмот за Тоше Проески

Граѓанка со поплака до градоначалникот Стефковски: Непресметлив станар ги тепа соседите од зградата

Граѓанка со поплака до градоначалникот Стефковски: Непресметлив станар ги тепа соседите од зградата

(ВИДЕО) Целосно изгоре автобус на ЈСП во Сопиште

(ВИДЕО) Целосно изгоре автобус на ЈСП во Сопиште

Тепачка во Општа болница Охрид

Тепачка во Општа болница Охрид

„Самоопределување“ на Курти вечерва отвора канцеларија во Скопје

„Самоопределување“ на Курти вечерва отвора канцеларија во Скопје

ПОВРЕДЕНИ ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Обвинителството ќе испитува што се случува на новиот експресен пат кај Крива Паланка

ПОВРЕДЕНИ ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Обвинителството ќе испитува што се случува на новиот експресен пат кај Крива Паланка

Новиот експресен пат Куманово - Крива Паланка ја зеде првата жртва, повредени уште две лица во сообраќајна несреќа

Новиот експресен пат Куманово - Крива Паланка ја зеде првата жртва, повредени уште две лица во сообраќајна несреќа