24 Април, 2024
0.0255

Нова академска година, нова шанса да добиете стипендија на МБУ - најдобриот приватен универзитет во земјата

Објавено во: Мои пари 23 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Нова академска година, нова шанса да добиете стипендија на МБУ - најдобриот приватен универзитет во земјата

Средношколците кои имаат остварено добар успех во средното образование, доколку сакаат да продолжат со студии на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) кој е еден од најдобрите универзитети во земјава, на кој наставата се одвива целосно на англиски јазик, можат да аплицираат за добивање стипендија која зависно од успехот, може да се движи од 50 до 100% од школарината. Универзитетот, кој според Шангајската листа е прогласен за најдобро рангиран универзитет во областа на наставата и учењето, оваа година, според податоците на Државниот завод за статистика за академската 2020/2021 година, стана најголем приватен универзитет во земјава, односно има најмногу студенти во споредба со другите приватни универзитети во државата. 

МБУ и за академската 2021/2022 доделува стипендии на средношколци, согласно Програмата за стипендирање на идните студенти која се базира на успехот остварен во средното образование. Оваа програма почна да се применува од минатата година и овозможува добивање целосна стипендија за оние средношколци кои се прогласени за најдобри во генерацијата, а 80% стипендија важи за оние со среден успех 5.00 и за нив трошоците по семестар ќе изнесуваат 200 евра. За учениците со успех од 4.50 до 4.99 е предвидена стипендија од 70%, односно семестарот ќе ги чини 300 евра, а за оние со успех меѓу 4.00 и 4.99 стипендијата е 60%, односно школарината по семестар е 400 евра. Стипендија во висина од 50% и плаќање школарина од 500 евра по семестар можат да добијат средношколци со среден успех од 3.00 до 3.99. 

„Со нашите современи студиски програми кои им овозможуваат на студентите безброј можности да започнат кариера веднаш по дипломирањето, со квалитетот на образованието признаен на меѓународно ниво, со наставни програми целосно на англиски јазик и меѓународно образовно опкружување со студенти од над 15 земји, со кампус од светска класа во Скопје и што е најважно, со можност за добивање стипендии до 100%, ние се стремиме да додадеме стотици нови успешни студенти кои ќе бидат вистински амбасадори на Меѓународниот балкански универзитет и на нашиот модерен образовен систем“, вели Висар Рамадани, генерален секретар на МБУ.

Во изминатите 15 години од основањето, околу 1500 студенти имаа корист од програмата за стипендии и денес претставуваат високо квалификувани професионалци со што МБУ како општествено одговорна високообразовна институција, останува целосно посветена на поддршката на образованието и науката во Република Северна Македонија и Балканот преку обезбедување стипендии на најталентираните и најуспешните студенти. 

Програмата за стипендии на МБУ за академската година 2021/2022 се однесува за идни студенти од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Добиената стипендија важи и за Подготвителната програма за англиски јазик за кандидатите кои немаат потребно владеење на англискиот јазик.

Идните студенти можат да аплицираат за стипендии за седум факултети со 18 програми за додипломски студии во различни области, како што се компјутерско инженерство, архитектура, психологија, банкарство и финансии, графички дизајн, односи со јавност и маркетинг комуникации, јазици и други. 

Аплицирањето за стипендии е во тек и ќе трае до 30 септември, односно до пополнување на предвидените квоти за студенти. Сите заинтересирани идни студенти можат да аплицираат онлајн на http://www.ibu.edu.mk/scholarships/ 


ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!