Добивај вести на Viber
Тенисерот Рафаел Надал е најбогатиот шпански спортист, објави магазинот Форбс.
Тој на вкупната листа се наоѓа на деветото место, прв е боксерот Флојд Мејведер, а Новак Ѓоковиќ е на 17-то место.
Зад Мејведер е португалскиот фудбалер и ѕвезда на Реал Мадрид Кристијано Роналдо, додека Лионел Меси е на четврата позиција.
Меѓу десетте најбогати се уште и ЛеБрон Џејмс (кошарка), Фил Микелсон (голф), Коби Брајант (кошарк), Роџер Федерер (тенис) и Тајгер Вудс (голф).
Освен Надал, единствениот Шпанец во ТОП 25 е возачот на формула 1 Фернандо Алонско кој е на 21 место.
Најбогатиот и најдобар српски спортист Новак Ѓоковиќ е на 17 место на оваа листа со годишна заработка од 33,1 милиони долари.
Листа на најбогати спортисти на светот:
1. Флојд Мејведер 105.000.000 $
2. Кристијано Роналдо 80
3. Леброн Џејмс 72,3
4. Лионел Меси 64,7
5. Коби Брајант 61,5
6. Тајгер Вудс 61,2
7. Роџер Федерер 56,2
8. Фил Микелсон 53,2
9. Рафаел Надал 44,5
10. Мет Рајан 43,8 ...
....
17. Новак Ѓоковиќ 33,1
На
овој линк погледнете како изгледа целата листа на Форбс за најбогат спортист.