15 Јануари, 2025
0.0298

Нови фасади и доградби на булевари во Скопје

Објавено во: Македонија 10 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Објектите на булеварите Теодосиј Гологанов и Борис Трајковски ќе се  доградуваат и ќе претрпат реконструкција на фасадите, ова е предвидено со Предлог Програмата за измена и дополнување на програмата за реконструкција и доградба на објекти во Централното градско подрачје на градот Скопје. За овој предлог советниците од Градот Скопје треба да расправаат на закажанат аседница за следната недела. Засега не е познато какви доградби ќе се вршат, ниту во кој стилски правец ќе се реконструираат фасадите на објектите. Образложанието од Градот Скопје е дека фасадите на објектите кои наоѓаат на овие булевари се оштетени изатоа ќе мора да се реконструираат.Не е познато ниту колку ќе чини нивната реконструкција и доградба, едниствено е познато дека дел од парите ќе се обезбедат од Буџетот на Град Скопје а дел од капитални трансфери од Министерството за култура. -Измена и дополнување на Програма за реконструкција и доградба на објекти во Централното градско подрачје на Град Скопје е потребна заради зголемениот обем на активности на територијата на градот Скопје што произлегува од фактичката состојба на објектите на улица Теодосиј Гологанов и булевар Борис Трајковски. Заради нивната состојба има протеба од реконструкција и доградба на објектите. Објектите се со оштетени фасади, а кај некои од нив е потребна и санација на конструктивниот систем.Реконструкцијата на фасадите и реконструкцијата и доградбата на објектите се предвидува да се реализира на објектите на улица Теодосиј Гологанов и булевар Борис Трајковски за кои има потреба, стои во образложението на Град Скопје. Минатиот месец Градот Скопје објави три повици за избор на идејно решение за реконструкција и доградба на фасадите на вкупно шест објекти. Изведба на „стилизирана“ фасада од проектот „Скопје 2014“ го чека објектот на „Трготекстил“ кај трговскиот центар „Рамстор“, зградата на „Технометал“ и уште две други градби на плоштадот „ВМРО“, како и двата објекти лоцирани помеѓу „Сити галери“ и Градскиот трговски центар на плоштадот „Македонија“. Вкупната сума за реконструкција на фасадите е околу 3 милиони евра. Објектот „Стар Метропол“, во центарот на Скопје, не само што ќе има барокна фасада, туку ќе претрпи и доградба. Претходно пак, Советот на град Скопје го утврди изгледот на фасадите на уште 15 други објекти во центарот на градот на улиците „Македонија”, „Димитрие Чуповски” и „Даме Груев”. Од опозициската СДСМ тогаш обвинија дека барокните фасади ги чинат граѓаните 50 милиони евра. Инаку според годишниот извештај на Градот Скопје лани за реконструкција на фасади од градската каса се потрошиле над 4,5 милиони евра.Годинава во Буџетот на Град Скопје стои дека за Проекти за реконструкција и доградба на објекти и фасади се предвидени над 5,6 милиони евра а за одржување на фасади и објекти 65 илјади евра. Т.С

Можеби ќе ве интересира

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба