04 Октомври, 2024
0.0272

Oбединети пензионери: Владата манипулира со покачувањето на пензиите

Објавено во: Економија 11 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Од партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), сметаат дека зголемувањето на пензиите не е реално и дека е само манипулација за зголемување на рејтингот на владејачката партија.

„Владата на Република Македонија, без трошка совест, го воведе терминот „зголемување на пензиите“, само во функција на сопствен маркетинг, а го суспендира член 37 од Законот за ПИО, со кој се регулира редовното усогласување на пензиите. Вторпат, сака пензионерите „да ги преведе жедни преку вода“, во што, на општо изненадување – од само ним познати причини, добива поданичка подршка, од Сојузот на здруженијата на пензионерите (СЗПМ)” - стои во соопштението.

Од партијата објаснуваат дека Владата е должна двапати годишни да ги усогласуваат просечните пензи со просечната плата, и велат дека токму поради тоа ова покачување е само привидно.

– Владата и раководството на СЗПМ, наместо што манипулират со терминот „зголемување“ на пензиите на солидарна основа, нека одговорат зошто е суспендирано усогласувањето, колку просечно на годишно ниво би изнесувало редовното усогласување на пензиите, зошто во ФПИОМ нема доволно пари, дали пензиите се социјални примања, каков е соодносот на просечната пензија и плата и како тие, како „демократи и лидери со претприемачки дух“, на мала врата во Македонија ја вратија урамниловката од времето на комунизмот” – се вели понатаму во соопштенмието на ПОПГМ.

Од партијата  ги повикуваат сите пензионери да се борат за нивните права и против нивната манипулацијата.

Можеби ќе ве интересира

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија