27 Ноември, 2024
0.6438

Образованието бара искусните наставници и практичари да се вклучат при изработката на наставните планови и програми

Објавено во: Македонија 27 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Наставниците во  Македонија при реализацијата на воспитно-образовниот процес се соочуваат со бројни проблеми и недостатоци. Ниските плати, лошите работни услови, руинираните училишни објекти посебно во помалите и рурални места, оштетениот и амортизиран инвентар, лошата хигиена во училиштата, неквалитетните и застарени учебници, недостатокот и недоволната употреба на нагледни средства и електронски помагала се само дел од причините за генерално лошиот квалитет на основното и средното образование во споредба со нивото на образование во европските земји и пошироко. Поради тоа и не изненадуваат истражувањата кои покажуваат дека квалитетот, знаењата и вештините на нашите ученици, заостануваат како во однос на нивните врсници од развиените земји, така и меѓу земјите во развој, каде припаѓа и Македонија- ова го покажало истражувањето за  Анализа на видот и обемот  на административно-техничките активности на наставниот кадар во основните и средните училишта.

Професорот  Здравко Стојкоски кој е еден од авторите на истражувањето,  за Фактор вели дека ако се знае дека квалитетното и иновативно образование претставуваа основа за степенот на општествениот развој на една земја, тогаш, лошите образовни состојби, секако ќе се рефлектираат и во останатите области на општественото живеење: политичкиот, економскиот и културниот развој, како во сегашноста, така и во блиската и подалечна иднина.

“Наставниците, често се жалат дека се оптоварени со многубројни административни и технички активности кои одземаат многу време, што придонесува за помалку расположливо време за инвестирање во стручна надоградба, во креирање на поголема креативност и иновативност кај наставникот. Во овој дел, наставниците ги истакнуваат оптоварувањата кои ги имаат при пишувањето на главната книга и на евидентните листови, како и во однос на описното оценување. И тука, проблемите ги потенцираат во прв ред наставниците од одделенска настава и класните раководители, како и оние наставници кои практикуваат описно оценување. Повеќето од нив, сметаат дека би се намалила оптовареноста со административни активности доколку се поедностави водењето на главната книга и евидентните листови, особено доколку би се овозможило, податоците да може да се пополнуваат и преземаат преку електронскиот дневник.Пишувањето на описни оценки, исто така претставува оптоварување за оние наставници кои го практикуваат. Тоа се наставниците кои предаваат до 6 одделение во основните училишта. 38% од нив посветуваат 5-10 часа во месецот на описно оценување; а 35% и повеќе од 10 часови. Мнозинството од овие наставници, околу 60%, радо би го замениле практикувањето на описно со бројчено оценување. Од останатите, најголемиот дел би биле задоволни доколку описното оценување се поедностави со користење на пократки и попрецизни описни оценки”- вели професорот Стојкоски.

Оваа анализа  според него  се заснова на гласот на наставникот, размислувањата, ставовите и идеите на оние кои најдиректно се засегнати со конкретната проблематика. Главниот проблем од кој поаѓа ова истражување се состои во оптовареноста на наставниците и времето кое тие го одделуваат на административно технички активности. Обемот на работата, дуплирањето на застарената административно-техничка работа (старите пишани дневници) со новите типови административно-техничка работа (електронскиот дневник), одземаат значаен дел од времето, со што се намалуваат можностите за инвестирање во стручната надоградба и креативноста на наставниците. Воедно, како проблем, се посочуваат и законските обврски кои ги имаат наставниците при реализацијата на овој дел од работата и барањата на Државниот просветен инспекторат кои, во крајна линија, се сведуваат само на формална обврска, без поголема улога во подобрувањето на квалитетот на наставата.

“Од мноштвото административно-технички обврски со кои секојдневно се соочуваат наставниците, истражувањето се фокусира на неколку, кои според наставниците се најважни но и најпроблематични и им одземаат најмногу време. И тоа: изработката на годишните и тематските планирања, дневните подготовки, подготвувањето и изведувањето на додатна и дополнителна настава, пополнувањето на педагошката евиденција (оценувања, главна книга, евидентни листови и сл.), водењето на пишаниот и електронскиот дневник, како и администрирањето со Електронскиот дневник. Потребна е поголема вклученост на искусните наставници и практичари при изработката на наставните планови и програми. Ослободување од обврската за изработка на глобални и тематски (процесни) планирања, како и на задолжителните дневни подготовки. Флексибилност во остварувањето на наставната програма и поголема слобода при подготовката и реализацијата на часот. Изведувањето на додатна и дополнителната настава да произлегува од процената на наставникот и/или од потребите и барањата на учениците (родителите). Поедноставување при водењето на педагошката евиденција. Во однос на дневниците, се предлага напуштање на практиката на водење двојна евиденција, поточно паралелна употреба на двата дневници, при што би им се оставило на училиштата самостојно да избираат каков дневник ќе користат во зависност од условите, кои ги имаат, како: пристапот до интернет, опременоста со кадар и компјутери и сл. Тенденцијата е, секако, поради технолошкиот напредок, секаде каде што е можно, училиштата да се префрлаат на електронски дневник Ваквиот предлог, меѓу другото, произлегува и од компаративната анализа со искуствата од некои земји членки на ЕУ, како што е примерот со Словенија”- објаснува авторот на истражувањето.

Анализата е дел од  неколкумесечниот проект на  Центарот за меѓуетничка толеранција кој има за цел да ја детектира постојната состојба со административно-техничките работи кои се применуваат во наставниот процес и  да го утврди обемот на оптовареност и времето што го одделуваат наставниците за административно-технички активности но и да изработи мерки и препораки за оптимизирање на административно-техничките работи, соодветно на потребите за квалитетен наставно образовен процес.

“ Идејата, од самиот почеток, беше да се работи во консултации и тесна врска со самите наставници, како најзасегнати. За таа цел, беше организирана работилница со наставници и администратори, како фокус група. Исто така, беше спроведена и анкета меѓу наставниците од основните и средните училишта во повеќе од 20 општини низ Македонија, на репрезентативен примерок, со која беа проверени мислењата и ставовите на наставниците во однос на административно-техничките обврски со кои се соочуваат. Поради тоа, слободно можеме да тврдиме дека резултатите и препораките кои произлегуваат од ова истражување, не се само лични ставови на авторите, туку, во голема мера, го одразуваат расположението на поголемиот дел од наставниот кадар во земјава”- додава Стојкоски.

За анализа на видот и обемот на оптовареност на наставниот кадар со административно-технички активности, беа дистрибуирани вкупно 298 прашалници во основните и средните училишта во Скопје и триесетина општини.

Дополнително вели потребно е решавање на статусот на администраторите на електронскиот систем (ЕСАРУ) и соодветно вреднување на нивната работа но и воведување на една електронска платформа во форма на отворени образовни ресурси, каде наставниците, но и останатите учесници во образовниот процес  би можеле да споделуваат широк спектар на знаења, информации, планирања, подготовки, стручни и мултимедијални содржини. Со  тоа би се олеснила работата на наставниците, а истовремено тоа би било од голема помош и во нивно стручно и методско надоградување. Оттука предлагаат  поголема вклученост на искусните наставници и практичари при изработката на наставните планови и програми. Истовремено, да се овозможи поголема слобода при нивното исполнување со што до израз би дошле квалитетите и креативноста на наставникот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа