22 Ноември, 2024
0.0311

Зошто "Макпетрол" стана непожелен понудувач на природен гас за ЕСМ?

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

ЕСМ направи преседан! Втор пат распиша тендер за набавка на природен гас по фиксна цена во февруари иако заради фиксната цена во јануарската набавка на бугарската фирма плати еден милион евра поскапо од понудата на „Макпетрол“!

 „Макпетрол“ во официјалното соопштение вчера го потврди насловот на „Фактор“ од пред еден месец дека имало непристојна понуда која не сакале да ја прифатат и ја одбиле... Ќе допре ли овој глас до скопскиот обвинител и дали тој ќе испита можна злоупотреба на народни пари??? Особено затоа што „Макпетрол“ објави дека од ЕСМ не добил покана да даде понуда за набавка на природен гас за февруари. Јавноста очекува дека барем сега ќе се охрабри да реагира вицепремиерката Славица Грковска која е задолжена за борба против корупцијата

Дали е нормално да набавиш природен гас по фиксна цена во февруари иако за претходниот месец си платил еден милион евра поскапо оти не си ја набавил по пазарна цена?

И дали си фер и транспарентен ако на најголемиот снабдувач со природен гас во Македонија т.е. на „Макпетрол“ не му пратиш покана да даде понуда за набавката на гас во февруари?

Токму овие прашања треба да си ги постави скопскиот надлежен обвинител кој во најмала рака треба да реагира по допрен глас (како во случајот со клиниката „Жан Митрев“). Особено обвинителството не може и не смее да остане глуво и немо особено по последното соопштение на „Макпетрол“ во кое беа изнесени факти кои не смеат да ја остават мирна ниту вицепремиерката Славица Грковска задолжена за борба против корупцијата.

По последната посета на американскиот тим за антикорупција и мноштвото декларативни заложби на државниот врв за борба против корупцијата ова ќе биде голем испит за нив.

Дали некој во ЕСМ злоупотреби службена положба и овластувања и овозможи стекнување имотна корист преку тоа што компанијата за природен гас по фиксна цена плати еден милион евра повеќе од тоа што истата количина гас чинеше по пазарна цена? Или кажано просто: зошто ЕСМ ја одби понудата на „Макпетрол“ за набавка на гас во јануари која излезе поевтина за еден милион евра од понудата на бугарската „ноу нејм“ фирма?

И сега пак во февруари ЕСМ набавува природен гас по фиксна цена без да го покани „Макпетрол“ да даде понуда?

Во оваа прилика ќе ве потсетиме на еден од најчитаните текстови на „Фактор“ во последните денови на декември 2021 година со наслов „Одби ли „Макпетрол“ непристојна понуда?“ во кој го поставивме токму прашањето дали постојат индиции за коруптивно однесување?

Р. Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто