Од денес, нова игра на среќа – Среќни топчиња
Објавено во: Мои пари 02 Март, 2015 12:47
Државна лотарија на Македонија го збогати своето портфолио на игри со играта СРЕЌНИ ТОПЧИЊА. Играта од денес веќе се нуди во обложувалниците на МАРБЕТ, ширум Македонија, а наскоро се очекува да ја има и во други поголеми обложувалници.
Играта е исклучително забавна и нуди чести можности за добивки. Слоганот на играта е ТВОЈА БОЈА, ТВОЈ БРОЈ! Играта СРЕЌНИ ТОПЧИЊА е направена е по моделот на забавните игри кои побудуваат голем интерес во светот, а за прв пат се приредува во Македонија.
Се игра со избор на не помалку од 6 броеви од вкупните 48. Извлекувањата се електронски, со извлекуваат на 35 топчиња, кои се прикажуваат на екран. Цената на поединечна игра/ комбинација изнесува 2 денара, а минималната уплата по игра е 20 денари.
Оваа игра е посебно интересна бидејќи ги предизвикува играчите да комбинираат бои и броеви, како и да го изберат видот на игра која повеќе им одговара. На пример играчот може да избере во каква игра ќе учествува од 10те различни видови игри:
1. Игра на броеви; 2. Збир на првите 5 извлечени броеви, поголем или помал од 122,5; 3.Првиот извлечен број, поголем или помал од 24,5; 4.Првиот извлечен број, парен или непарен; 5.Боја на првото извлечено топче; 6.Во целата игра, дали има повеќе парни или непарни броеви; 7. Најчесто извлечена боја; 8. Последниот извлечен број, поголем или помал од 24,5; 9. Последниот извлечен број, парен или непарен; 10. Боја на последното извлечено топче;
Во играта има и бројни изненадувања од типот на БОНУС ДЕТЕЛНИКА И БОНУС ДОБИВКА +100. Играта СРЕЌНИ ТОПЧИЊА е игра за сите кои сакаат низ забава да ја поттикнат својата мисла за можности за комбинирање, што ќе ги доведе до ЏЕК ПОТ или помала добивка. Ова е игра која лесно може да се засака.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА





