Од денес па до 11 март саем за студенти и компании „Job Fair 2015“
Објавено во: Мои пари 09 Март, 2015 13:10
Од вечерва во 19 часот на Градежниот и Архитектонскиот факултет ќе биде отворен саемот за вработување Job Fair 2015, кој ќе трае до 11 март во организација на БЕСТ- Скопје.
Студентите на поставените штандови ќе може да им пристапат на претставниците од компаниите со цел подетално да се информираат или да се консултираат за голем број прашања а исто така, ќе може да присуствуваат на разни предавања, презентации и обуки на теми кои ќе бидат објавени дополнително.
– Настанот е одлична шанса за соработка помеѓу студентите и компаниите. Целта на саемот е да им понуди на студентите квалитетни работни места и пракса од областа на нивната стручност, а на компаниите квалитетен и амбициозен работен кадар, соопшти организаторот.
Доколку студентите се заинтересирани за ваков вид соработка со компаниите, треба да остават свое CV на официјалната веб-страница www.jobfair.org.mk. Кратките биографии потоа стануваат дел од датабазата до која имаат пристап сите компани учеснички.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




