19 Декември, 2025
0.0620

Одбројуваме 7 дена до петтиот јубилеен настан „Мажи на годината“

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2022 16:36

Добивај вести на Viber

И оваа 2022 годинаизминува, а во месецот посветен на машкото здравје ја обележуваме со јубилејниот настан „Мажи на годината“.

Подготовките се веќе при крај, и останаа само уште 7 дена до официјалниот избор на кој ќе бидат наградени најуспешните мажи во Македонија за 2022 година.

Во среда (30.11.2022) во DoubleTree by Hilton -Скопје со почеток од 20 часот ќе се бираат Мажите на годината во 13 категории и тоа: Маж на годината за 2022, Маж со трајни вредности, Менаџер на годината, Менаџер на годината до 40 години, Менаџер странец на годината, Млад менаџер до 30 години, Маж со најголем придонес во културата, Маж со најголем придонес во спортот, Маж со најголем придонес во општеството, Маж со најдобар стил, Маж според социјални медиуми, Хедонист на годината, Маж на годината во избор на организаторите

Како и изминатите години така и оваа, на гала вечерта ќе присуствуваат голем број јавни личности и докажани профеционалци во сите области. Организаторите најавуваат многу богата забавна програма, изненадувања и одличен настан единствен од ваков тип. 

Изборот на мажи на годината  кој има за цел да ги мотивира сите мажи кај нас, да ги награди најуспешните, и да придонесе во општеството со поголема свесност за машкото здравје  се одржува петта година по ред. Оваа година водители на настанот ќе бидат Жарко Димоски и Миа Костова, кои со сигурност ќе ја направат оваа вечер за паметење.

Генерален спонзор на овогодинешниот избор на „Мажи на Годината2022“ е компанијата Casinos Austria International Macedonia, и останатите спонзори DoubleTree by Hilton -Skopje, Бадел -AntiquePelinkovac, Пакомак, Орбико и парфимериите Fabu, Пивара-Скопје, Империјал Тобако, Авант Кар Македонија и други.

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА