01 Ноември, 2024
0.0364

ОДОБРЕНИЈА И ИНТЕРЕС ЗА ГРАДЕЊЕ КАКО ПРЕД ПАНДЕМИЈАТА, вредноста на објектите кои се градат намалена

Објавено во: Економија 14 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Значително намалена вредноста на проектите кои ќе се градат во следниот период, иако бројноста на одборенијата не бележи толку голем пад. Последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека имаме благо намалување на бројот на одобренија за градење издадени минатиот месец, но кај вреднсота има поголем пад. 

- Според податоците на Државниот завод за статистика во јули 2022 се издадени 422 одобренија за градење, што е за 5,4 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.206.757 илјади денари, што е за 37,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 250 (59,2 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 46 (10,9 проценти) за објекти од нискоградба и 126 (29,9 отсто) за објекти за реконструкција. Предвидена изградба на 907 станови, со вкупна корисна површина од 81 059 метри квадратни - се наведува во соопштението на ДЗС.

Со оглед на фактот дека има скоро 40 отсто намалување во вредноста на проектите кои се планираат за следниот период, несомнено се наметнува прашањето на што се должи ваквото намалување. Дали станува збор за намалување на вреднсота на градежните материјали, или пак за намален инпут во вредноста на објеките кои се градат. 

Градежниците и упатените во секторот посочуваат оти причини има повеќе, но дека точно кои сегменти играат најголем уддел во намалувањето на вредноста. 

- Бројот на одобренија не кажува многу и за вредноста на проектите. Кога се пишува колку одобренија се издадени, не значи по автоматизам дека вредноста ќе биде иста, ако бројките на одобренија се слични. Може причината во намалената вредност е самата инвестиција. Одобренијата се дадени за проекти кои се со пониска вредност, односно објектите кои ќе се градат имаат помала вредност од споредбената основа. Тешко е да се каже само врз основа на бројките кои се причините, но не се градежните материјали - објаснува Никола Велковски, градежник. 

Тој за „Фактор“ потенцира дека изминативе месеци се забележува стагнација на цените на градежните материјали, односно дека нема толку силен притисок на пораст на цените како што имало претходно, осбено по заживувањето на економиите по заклучувањата воведени од пандемијата. 

- Вредноста која ја кажува ДЗС зависи од вредноста на објеките кои се градат, а не од бројот. Што се однесува до цените на градежните материјали, сега нема толку голем притисок, нема раст на цените. Но, исто така нема раст ниту на цените на становите кои се и најбарани во секторот. Реално куповната моќ на граѓаните е ограничена, па не може ниту цените на станбениот простор да се качува бесконечно. Кај нас најбитно во утврдувањето на цените на становите е локацијата. Кај деловен простор има стагнација, многу малку и ретко се инвестира и купува деловен простор, поатрактивен е за изнајмување, но продажбата оди отежнато - посочува Велковски.   

П.О.

Можеби ќе ве интересира

НАЈСКАПАТА НЕДВИЖНИНА Е ВО ЕВРОПА, СТАВЕНА Е НА ПРОДАЖБА: Ова се петте најскапи имоти кои се продаваат

НАЈСКАПАТА НЕДВИЖНИНА Е ВО ЕВРОПА, СТАВЕНА Е НА ПРОДАЖБА: Ова се петте најскапи имоти кои се продаваат

Владата се согласила да им плати на банките за администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра

Владата се согласила да им плати на банките за администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра

За пензии во буџетот следната година 276 милиони евра повеќе

За пензии во буџетот следната година 276 милиони евра повеќе

ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ - Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот

ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ - Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот

МЕРКАТА ЗАВРШИ, ТРГОВЦИТЕ НА ПОТЕГ - Мицкоски најави жестока битка со нив за да го заштити стандардот на граѓаните

МЕРКАТА ЗАВРШИ, ТРГОВЦИТЕ НА ПОТЕГ - Мицкоски најави жестока битка со нив за да го заштити стандардот на граѓаните

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 2025 ГОДИНА - Шест од 10 вработени посакуваат нова работа, газдите да не си мислат само на профитот

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 2025 ГОДИНА - Шест од 10 вработени посакуваат нова работа, газдите да не си мислат само на профитот

ПРВА ЖРТВА НА КРИЗАТА НА ФОЛКСВАГЕН: Германскиот концерн Бош отпушта седум илјади работници

ПРВА ЖРТВА НА КРИЗАТА НА ФОЛКСВАГЕН: Германскиот концерн Бош отпушта седум илјади работници

МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - еве како се зголемува добивката за 46 проценти

МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - еве како се зголемува добивката за 46 проценти

БЛАГИТЕ ЗИМИ НОСАТ ПРОМЕНИ ВО НАВИКИТЕ: Тешко се продаваат дебели капути, јакни, но и длабоките чизми заостануваат

БЛАГИТЕ ЗИМИ НОСАТ ПРОМЕНИ ВО НАВИКИТЕ: Тешко се продаваат дебели капути, јакни, но и длабоките чизми заостануваат