Добивај вести на Viber
Пукање во центарот на Скопје, повредени нема ...
Околу 13 часот и 20 минути СВР-Скопје добило пријава за пукање во комбе во скопската населба Капиштец.
Инцидентот се случил на улицата Народен фронт каде се слушнале неколку истрели од огнено оружје.
По увидот од полицијата, како што пренесе Телма е констатирано дека има оштетување на комбе Фургон во сопственост на фирма „ДТУ Огнометика“.
Засега нема повредени лица а повеќе детали од МВР најавија за во текот на денот.
Она што ја заголицка јавноста се шпекулациите на одредени медиуми дека лицето кое пукало врз комбето е сопственик на веб портал и е аболициран од претседателот Иванов.
МВР е без коментар за овие тврдења.