25 Април, 2024
0.0279

ОЈО ќе ги вештачи телефоните најдени кај тројцата починати од Волково

Објавено во: Македонија 21 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера по примена дојава за пронајдени три тела во с. Волково, веднаш излезе на лице место и изврши увид заедно со екипи на МВР. При тоа е констатирано дека со употреба на огнострелно оружје од живот се лишени три лица од кои две од женски пол.

Во насока на расветлување на настанот, обвинителот издаде наредби за вршење на обдукција на починатите, наредби за собирање траги од лице место, вршење на ДНК вештачење, фотографирање, како и вршење на распит на лица со прибирање на докази и податоци. Исто така наредено е вештачење на телефоните пронајдени на местото на настанот, бидејќи според првичните информации, на кривичното дело претходела интензивна комуникација која може да расветли детали за кривично правниот настан.

Обвинителот издаде и наредба до МВР – Внатрешна контрола за испитување на случајот и доставување на целосен извештај за минатото поведение на починатиот маж, во однос на тоа дали досега е пријавуван и евентуално преземените дејствија од внатрешна контрола и редовните полициски служби во врска со неговите постапки.

Првичните сознанија упатуваат на извршено двојно убиство и самоубиство од страна на починатиот маж, а мотивите за стореното дополнително ќе се утврдуваат.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг