17 Декември, 2025
0.0673

ОКТА ги подобри финансиските резултати во вториот квартал!

Објавено во: Економија 30 Август, 2013 22:33

Добивај вести на Viber

Подобрени перформанси во втор квартал на 2013 година споредено со првиот квартал од годината, наспроти продолженото негативно влијание од меѓународните цени

Финансиските резултати на ОКТА за вториот квартал од 2013 година беа подобрени во споредба со првиот квартал од годината. Промените во комерцијалната политика спроведени за време на првите месеци од 2013 година доведе до обновување на пазарниот удел како на домашниот пазар така и во извозот. Конкурентноста на компанијата се подобри проследено со бројни заштеди во трошоците и проекти за реорганизација спроведени во текот на годината. Намалувањето на цените на нафтените производи на меѓународно ниво во првата половина од годината имаше негативно влијание на објавената профитабилност на ОКТА откако компанијата ја започна годината со значителни количини на залихи кои беа произведени за време на последниот процес. Исклучувајќи го негативниот ефект од таквите околности, профитот по оданочување во првата половина на 2013 на ОКТА би бил повисок за 329 милиони денари (+112 милиони денари во втор квартал од 2013 година). Дисконтинуитетот во производството од февруари 2013 доведе до зголемување на профитабилноста и намалување на обртниот капитал. Како резултат на тоа, ОКТА генерираше 329 милиони денари во готовинските текови во првите шест месеци од 2013 година, од кој дел беше искористен за намалување на долгот кон банките. Коментирајќи ги резултатите од втор квартал 2013, компанијата ја даде следната изјава: “ОКТА продолжи да делува во економско опкружување со предизвици. Недостатокот на реален пораст ја интензивираше конкуренција на сите пазари на кои сме присутни. Последниот производствен циклус на рафинеријата остави зголемени и скапи залихи за време на период со опаѓачки меѓународни цени. Одговарајќи на променливото надворешно опкружување, ние соединивме далекусежен програм за трансформирање. Веќе ги гледаме првите позитивни резултати од имплементацијата од тој програм во вториот квартал од годината и очекуваме да видиме целосна имплементација до крајот на 2013 година. Ние остануваме посветени кон гарантирање на непрекинато снабдување на нашите купувачи со деривати со највисок квалитет. ОКТА е и ќе продолжи да биде една од најголемите компании во земјата, секогаш грижејќи се за акционерите, за вработените, за локалната (домашната) економија и за општеството во кое делува.”

Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно