27 Ноември, 2024
0.0299

Октај: Со својот оригинален концепт, Dimond Mall ќе стане ново обележје на Скопје

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Селин Октај е директорка на новиот Dimond Mall кој наскоро ќе биде отворен за сите љубители на шопингот. Октај, која има богато професионално искуство во менаџирање на големи трговски центри во Турција, вели дека Dimond Mall ќе биде многу повеќе од шопинг центар. Таа најавува многу нови уникатни содржини. Со неа разговаравме за време на последните подготовки за отворањето на Dimond Mall.

Многу скоро започнува да работи новиот трговски центар Dimond Mall, кој е дел од мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“. Какви содржини ќе понудите?

Октај: На 20 октомври, трговскиот центар Dimond Mall ќе ги прими своите први посетители и ќе стане нераскинлив дел од содржините на Скопје. Многу ме радува фактот што кај луѓето постои голема љубопитност за содржините што ќе ги понудиме. Тоа за мене е очекувано, бидејќи Dimond Mall елоциран во срцето на градот, во простор кој емотивно ги поврзува минатото и сегашноста, како што е секако Старата железничка станица. Dimond Mall е продолжување на оваа приказна, бидејќи отвора ново поглавје во историјата на Скопје кое ќе биде проткаено со многу возбудливи и среќни моменти. Навистина ќе понудиме разновидни содржини кои ќе дадат нов шарм на урбаното живеење. Diamond Mall има вкупна површина за закуп од 48.000m², а сочинет е од три различни целини. Љубителите на шопингот ќе можат да уживаат во различните понуди сместени во 150 продавници. Трагачите по забава и едукација ќе имаат нова дестинација, а тоа е Зоната на соништата (Dream Zone) која се протега на површина од 7.000m². Овој уникатен простор ќе понуди многу нови содржини кои ќе бидат атрактивни за различни возрасни групи. Третата целина е специјалниот автентичен простор, именуван како Гурманска авенија (Gourmet Avenue), со нови ресторани, кафулиња и барови, но и простор за разни настани и дружења. Во овој дел на Diamond Mall посетителите ќе можат да уживаат во широкиот гастрономски избор. Накратко, нашите посетители ќе можат да ги задоволат сите свои хедонистички потреби.

Скопје има повеќе трговски центри. Кои се вашите уникатни вредности со што ќе се издвоите?

Октај: Нашата локација е посебен адут, бидејќи главната улица во центарот на градот - улицата „Македонија“, води директно до влезот на Diamond Mall. Токму затоа ќе понудиме дополнителни содржини за туристите кои ги посетуваат знаменитостите во градот и ќе бидеме дел од задолжителните места што мора да се посетат во Скопје. Тоа е голема чест за нас, но истовремено и голема обврска која бара нашата услуга, содржините и можностите да ги издигнеме на највисоко ниво. Во тоа ќе можат сите да се уверат наскоро, а дополнително ќе работиме и на проширување и надоградување на нашите содржини. Навистина, Зоната на соништата (Dream Zone)ќе биде нешто што градот досега го немал како понуда. Сите семејства со деца ќе станат наши чести посетители, но и возрасните, кои во себе го чуваат „детето“ и сакаат забава и имагинацијата ќе уживаат во овој простор. Со својата големина и концепт Зоната на соништата (Dream Zone) е поголема од кој било друг ваков простор во земјата и поширокиот регион.

Друго што би сакала да издвојам како наш уникатен белег е Гурманската авенија. Овој простор е уникатен по две работи, по својот архитектонски изглед и по својата повеќенаменска содржина. Имено, Гурманската авенија не е само дел каде што можете да уживате во добри гурмански специјалитети, тоа е и место за разновидни случувања од областа на културата и уметноста. Овој простор нуди можност за организирање различни настани каде луѓето од корпоративниот, уметничкиот и општествениот свет ќе можат да се спојат и дружат. Ова е многу важно, особено во услови на пост-пандемиски стандарди, зголемена дигитализација и намалена директна комуникација меѓу луѓето. За нас Diamond Mall не е само место за шопинг, туку и место каде што луѓето ќе се среќаваат, ќе ги организираат важните настани од својот живот и место каде што ќе се создава автентична урбана култура.


Кои брендови можеме да ги очекуваме?

Октај: Стартуваме со различни брендови, повеќето се веќе присутни на пазарот, но ќе овозможат одличен избор за сите љубители на шопингот. Дополнително, во тек се преговори и со други брендови за нивен влез на македонскиот пазар. Според досегашното искуство, исходот од овие преговори може да го очекуваме на почеток на следната година, кога ќе имаме новини и изненадувања кои ќе придонесат Diamond Mall  да биде прв избор за шопинг во главниот град.

Колкава е инвестицијата во изградба на Dimond Mall и колку работни места ќе се отворат?

Октај: Вкупната инвестиција во комплексот „Diamond of Skopje“ достигна 350 милиони евра. Висината на инвестициите укажува на фактот дека се работи за голема странска директна инвестиција која ќе донесе многу придобивки за економијата. Покрај останатите придобивки кои ќе ги донесе Diamond Mall со својата работа е и отворањето на повеќе од 1.000нови работни места кои ќе овозможат вработување на кадар од најразлични профили поврзани со функционирањето на молот, како и оние што ќе обезбедуваат најразновидни услуги за посетителите.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа