Добивај вести на Viber
Прелиминарниот извештај на експертите на Обединетите нации употребата на хемиско оружје во Сирија ќе биде објавен до крајот на следната недела, објави германскиот весник „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“.
Повикувајќи се на неименувани извори, весникот наведува дека извештајот, кој ќе биде доставен до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, најверојатно ќе содржи детали за отровниот гас, муницијата и оружјето, кои биле употребени при нападот со хемиско оружје во предградието на Дамаск на 21 август, при што загинаа неколку стотици лица.