15 Мај, 2024
0.0273

ООН: Македонија на 118. место на скалата на среќни нации

Објавено во: Свет 09 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Организацијата на Обединетите Нации, за првпат, направи анализа и објави извештај во кој се мери среќниот, слободниот и безгрижниот живот на луѓето. Во анализата се опфатени се 156 држави од целиот свет, а Македонија на скалата на среќата се најде на 118-та позиција. Според извештајот, жителите на Данска ги уживаат најголемите бенефити и живеат најсреќен живот, на второ место се граѓаните на Норвешка, а трети се Швајцарците. Од нашето опкружување, само Бугарија е под нас на листата, односно жителите на Бугарија според извештајот за среќен живот се на 144. место. На дното на извештајот се најдоа Централната Африканска Република, Бенин и на 156. место е Того. Колку е среќна една нација се мери според неколку критериуми, меѓу кои реалниот бруто домашен производ по глава на жител, здрав животен век, личност на која може да се потпрете во животот, носење на слободни животни одлуки, слобода од корупција и великодушност. Според расположливите информации, дури во 60 земји од кои се опфатени во ова неколкугодишно истражување значително е подобрен животот на цела нација. Креаторите на ова истражување дојдоа до заклучокот на нивната работа, односно одговорот на прашањето – Што е она што влијае на среќата? Според нив одговорот лежел во менталното здравје на луѓето.  

Можеби ќе ве интересира

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?