СЕП организираше одбележување на 3 мај, светскиот ден на медиумската слобода со претставниците на медиумите
ОСМАНИ: СЛОБОДАТА НА ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЈА ПРЕТСТАВУВА СЛОБОДАТА НА ОПШТЕСТВО
Објавено во: Македонија 03 Мај, 2018 11:03
По повод одбележувањето на Светскиот ден за слобода на медиумите, Секретаријатот за европски прашања, во Клубот на пратенците оранизираше неформален брифинг и појадок со претставниците на медиумите во рамките на кој преку отворен и искрен разговор се дискутираше на мноштво теми од општествен интерес.
Прашањата поврзани со медиумите и транспарентноста на политичкиот процес, независноста во информирањето, одговорноста на државата и институциите кон јавноста како и современите предизвици како што се лажните вести и манипулациите, се секогаш интересни за разговор.
„Денес е светскиот ден на слободата на известувањето, што секако претставува еден од темелните, можеби и најважен сегмент, на кој почива изградбата на едно современо демократско општество”- истакна Османи во своето кусо воведно обраќање пред почетокот на неформалниот брифинг со претставниците на медиумите.
Во продолжение тој потенцираше дека медиумската сфера не претставува изолиран систем, туку слободата на медиумите се гради преку изградбата на стабилни институции, владеењето на правото, транспарентноста на Владата и државните институции, конкурентност, почитување на правилата и дека затоа слободата на медиумите претставува јасна слика за состојбата во општеството, за степенот на демократскиот развој, воопшто за степенот на цивилизациски развој.
„Се надевам дека ова дружење ќе може да прерасне и во традиција со што секоја година ќе го одбележуваме овој важен ден, како потсетник дека медиумската слобода треба постојано да се негува, а нејзината придобивка, соодветно да се одбележи”-заклучи Османи.
Во текот на брифингот, претставниците на медиумите имаа можност да ги постават сите прашања околу актуелни општествено политички случувања, како и во отворена атмосфера да ги понудат своите видувања, своите размислувања, забелешки и коментари.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




