19 Декември, 2025
0.0573

Основано првото македонско движење за поддршка на креативноста

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2014 18:46

Добивај вести на Viber

Во чест на делото на бардот на македонскиот маркетинг – Иво Лауренчиќ

Поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови е клучната цел на новото движење кое го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија - Иво Лауренчиќ. На основачкото собрание на Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ, на кое присуствуваа голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академска заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и целиот регион, беа усвоени статутот и останатите документи што ги содржат мисијата, визијата, целите и задачите на движењето, а беа избрани и членовите на органите на управување. За претседател на ова уникатно движење за поддршка на креативноста во земјава и пошироко, со акламација беше избран бизнисменот Светозар Јаневски.
„Чест ми е што ќе бидам на чело на едно вакво движење кое ќе го следи аманетот што нѝ го остави мојот и наш драг пријател и соработник Иво Лауренчиќ, а тоа е да ја поттикнуваме, охрабриме и поддржиме креативноста, особено кај младите – столбот на просперитетот на секоја заедница“, истакна Јаневски, потенцирајќи дека „Во Македонија не недостасуваат паметни луѓе, туку оние што ќе ја разбудат храброста, ентузијазмот и креативноста и ќе ги поттикнат и поддржат паметните да ги искажат своите идеи и да ги стават во функција на развојот“.
Работата на новото граѓанско здружение ќе биде јавна, а неговите цели и задачи ќе се остваруваат преку организирање настани, конкурси, натпревари и креативни работилници наменети за талентирани поединци од областа на дизајнот, маркетингот, комуникациите и останатите сродни дејности. Воедно здружението ќе работи и на подигнување на свесноста во јавноста за потребата од поголеми вложувања и иновации во уникатноста и идентитетот на домашните производи и услуги и градењето силни национални брендови. На основачкото собрание на Движењето за поддршка на креативноста беше упатен апел до сите заинтересирани професионалци од различни бранши, со различни афинитети и способности, докажани во своите средини, но пред се луѓе со космополитски дух, да се приклучат кон Движењето и со својата работа и знаење придонесат кон остварување на неговата благородна мисија.

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА