Осветли го Скопје-„Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно“
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2016
Во четврток 19.30 часот (30.06.2016), ќе се одржи „Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно“. . #vodnonight Овој Настан е со јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот Крст. Патеката по која ќе пешачиме е долга прилично 5 км и се пешачи околу 1:30 до 2:00 часа. Стартно и собирно место- пред "Оу. Кочо Рацин". во 19:15 часот. (на истото место ќе се вратиме најкасно околу 12:00 часот по полноќ) -Доколку има заинтересирани кои сакаат да тргнат од средно Водно, нека бидат Кај фонтаната во 19:45 часот. Ќе имаме 1 официјални паузи: - На Средно Водно (5 до 10 минути) Задолжителна опрема: - Соодветни чевли за пешачење - фенерче* - Топла облека - резервна маица - 0,5 литри вода - овошје, и храна по избор - Ранец - Фотоапарат - Пари за чај НАПОМЕНА: Доколку се пријави некој со послаби кондициони способности, му препорачуваме да се искачи само до средно водно. Секој е на своја одговоост. Организирано од: www.mojtrener.mk