ОВА ДА БИДЕ ПРИОРИТЕТ: ЕУ препорача 40 мерки за реформа на Судскиот совет
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2023
Eвропската Унија(ЕУ) препорача 40 мерки за реформа на Судскиот совет.
ЕУ даде низа мерки кои треба да бидат спроведени за да се зголеми независноста, одговорноста и ефикасноста на ова тело. ЕУ очекува тие да бидат приоритет на сегашната, но и на секоја идна влада и на сите правосудни институции во Македонија. Евроамбасадорот Дејвид Гир ги презентираше заклучоците. Гир наведе дека дел од мерките се краткорочни, а дел среднорочни и долгорочни. За спроведување на 23 од нив, потребни уставни и законски измени, додека 17 може да ги спроведе самиот Судски совет.
Мерките вклучуваат структурни реформи во Судскиот совет, промена на мандатот на членовите, измени на процесот на селекција, унапредување на практиките за транспарентност, зголемување на финансиската независност на телото и вклучување на цивилното општество во изборот на членовите во мониторингот на неговата работа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.