Во една европска земја до средината на ноември ќе нема места на интензивна нега
Објавено во: Свет, Корона Вирус 14 Октомври, 2020
Во Белгија постои страв дека до средината на ноември ќе нема места на интензивна нега.
Хоспитализациите го надминаа прагот од 200 нови дневно, во споредба со сто минатата недела.
На 9 октомври беа регистрирани над 7.000 новозаразени,а засегнати се сите возрасни групи.
Здравствените власти почнаа и официјално да предупредуваат за втор бран од коронавирусот во земјата.
Велат дека ако не се намалат итно бројките одделите за интензивна нега ќе бидат сатурирани за еден месец, јави дописничката на МИА од Брисел.
Портпаролот на Кризниот штаб, Ив Ван Латем, на денешната прес конференција порача дека зголемувањето на бројот на новозаразени од Ковид-19 е алармантно. Изминатата недела во просек се заразени над 5.000 лица дневно, што значи дека стапката на новозаболени двојно се зголемува на секои седум дена.
Главниот град Брисел е посебно погоден, за прв пат дваесет отсто од тестовите се позитивни, изјави портпаролот.
Во земјата досега починаа над 10.000 луѓе од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.