ОВА НЕ Е ДОБРО: Црните прогнози се покажаа уште поцрни за Турција
Објавено во: Економија 10 Ноември, 2024
Централната банка на Турција (TCMB) ја зголеми прогнозата за инфлацијата на 44 отсто во 2024 година и на 21 отсто на крајот на 2025 година, откако растот на цените во изминатите два месеци беше повисок од очекуваниот.
Банката претходно очекуваше инфлација од 38 отсто во 2024 година и 14 отсто на крајот на 2025 година, пренесува Блумберг.
Ревизијата на прогнозата не е идеална, но не претставува сериозно отстапување, изјави гувернерот на ТЦМБ Фатих Карахан, кој смета дека инфлацијата во Турција ќе падне на 38 отсто до март 2025 година.
За време на сесијата за прашања и одговори, гувернерот не даде никакви конкретни информации за темпото на можното намалување на каматите.
Сепак, Карахан изрази одреден оптимизам во однос на намалувањето на домашната побарувачка во Турција и падот на постојаната инфлација во услужниот сектор.
Бизпортал.рс