Ова се трите земји од каде ни доаѓаат најмногу туристи
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2019
Расте бројот на странци кои ја посетуваат Македонија.
Tурците, Србите, Холанѓаните се најбројни, но има и голем број Полјаци. Германци, Бугари, Грци кои како туристи доаѓаат во нашата земја.
17.096 гости имало од Турција во август, а 8.098 биле од Србија, 7.371 од Полска, 4.217 од Грција, 7.411 Холанѓани, додека најмалку туристи имало од Луксембург 33, од Јужна Африка 48, а од Белорусија 38. Во август 3.959 Германци ја посетиле Македонија, 3.928 Бугари, 2.631 Италијанци.
Бројот на туристите во август оваа година, во однос на август 2018 година, скокнал за 2.2 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2.6 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2019 година бил 216.321, а бројот на ноќевањата изнесува 904.740.
Бројот на домашните туристи во август 2019 година, во однос на август минатата година, е зголемен за 0.1 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.7 отсто.
Во периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.1 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.3 отсто, а кај странските има зголемување за 2.7 отсто.
фото Википедија
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.