27 Ноември, 2024
0.0285

„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА Е ПОСЛЕДИЦА НА ТОА ШТО ГО НАСЛЕДИВМЕ“: Таравари за критиките од ДУИ вели „сакаат да го тргнат вниманието од реалните проблеми“

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Арбен Таравари сѐ уште не го добил извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од вонредниот надзор на Клиниката за детски болести по смртта на петгодишното девојче со воспаление на мозокот.

Како што рече, очекува да го добие денеска или утре, но по обвинувањата за чести смртни случаи на Клиниката смета дека „посебно албанската опозиција се обидува на секаков начин да прикаже дека сега е сѐ катастрофа откако тие не се на власт“.

Во изјава за медиумите Таравари посочи оти и да биле „една, две, три години на власт, здравствениот систем повторно не може преку ноќ или за неколку месеци да се подобри“.

- Ова што се случува е, секако, последица на тоа што го наследивме. Меѓутоа, како и да е, не треба да се политизираат случаи кога детето било болно и навистина патологијата била тешка, бидејќи од менингоенцефалитис секаде на светот починуваат деца, за жал, па се случува и кај нас. Директорот покажа и статистика за морталитетот на клиниката, така што не е нешто спектакуларно како што прикажуваат. На некаков начин сакаат да го тргнат вниманието на јавноста од реалните проблеми, па како да го критикуваме Таравари или директорот на Детската клиника, ќе кажеме дека починало некое дете. Кога се работи за лекарски пропусти, ние презедовме чекори, но за тешки пациенти, кои имаат сериозни болести,  болниците се место каде што се лекуваат и, за жал, некои луѓе и починуваат - рече министерот.  

Во  врска со обвинувањата на Европскиот фронт дека со одлуката да не се брои нерезидентното население ќе се намали бројот на советници во општините, Таравари одговори дека треба самите да се критикуваат зашто самките го донеле законот додека биле на власт.

- Јас не знам што бара Европски фронт. Овој закон кој е актуелен не го сменивме ние сега, тој е закон што го донесе Европски фронт во минатата влада кога се правеше пописот на населението во Македонија. Така што, треба самите себеси да се критикуваат. Да беше закон што сега го носиме, во ред, меѓутоа закон што е донесен пред пет или четири години и сега го критикуваат - не знам, ова е лудница - додаде Таравари. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава