Овој Петок е неработен ден
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2015
Првиот ден на католички Божик - 25 декември 2015 година (петок) е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честитаат празникот Божиќ.