Пациент во земјава по 4-ти пат се инфицирал со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Август, 2022 19:18
Во Македонија пациент кој не примил ниту една доза вакцина „фатил“ корона и по четврти пат.
Во Македонија само еден пациент, кој не примил ниту една доза вакцина, се заразил со коронавирусот по четврти пат, потврдуваат за Канал 5 од Институтот за јавно здравје.
Оттаму велат дека во системот се евидентирани вкупно 17.540 лица кои се инфицирале повеќе од еднаш, што значи дека 5 отсто од вкупниот број на потврдени случаи се реинфекции. Најголем број од нив се заразиле два пати, ама има 102 – ца што три пати „фатиле“ корона.
За 3 дена направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19.foto freepik.com/nyuraus
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




