16 Декември, 2025
0.0478

Пакомак: Ден без печатење во Македонија! Еден клик за едно дрво!

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2015 09:49

Добивај вести на Viber

Друштвото за управување со отпад Пакомак заедно со својте 670 компании-членки, за прв пат во нашата земја  организираат ден без печатење. Во петок на 27 февруари тие се одлучија да ги исклучат сите печатачи на работа, дома и секаде каде што ќе ги сретнат, повикувајќи ги сите останати компании и поединци да се приклучат кон оваа иницијатива со цел да создаде еден поубав и позелен свет во кој ќе живееме. Иницијативата за овој “ден без печатење во Македонија” ја покрена Пакомак, која во рамките на своето работење е посветена на Green концептот. pakomak 1 „И покрај тоа што нашата компанија се знаимава со менаџирање на амбалажниот отпад и нашата примарна дејност има високи еколошки цели сепак сметавме дека можеме допoлнително да допринесеме за подигнување на самосвеста кај пошироката јавност за секојдневните рутини и навики кои ги имаме и каков импакт тие оставаат врз средината во која живееме. Решивме да го направиме првиот ден, каде што со само еден клик на глувчето може многу да се направи и да се помогне за сочувување на екологијата. Сите оние работи кои треба да ги завршите со печатење, пробајте да ги направите по електронски пат. На тој начин ќе заштедиме голема количина на хартија, ќе спасиме многу дрва и заедно ќе допринесеме кон заштитата на животната средина“, изјави Филип Ивановски директор на Пакомак. Секој може да се приклучи на оваа еко-иницијатива, и да даде поддршка на оваа акција.

Можеби ќе ве интересира

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк