21 Мај, 2024
0.0294

Пановски: Мораториумот во Центар беше популистичка мерка која нанесе непоправлива штета

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Во моментот кога е поништена мерката „Мораториум” во Центар, старите планови се на сила. Очекувам Општината во скоро време да биде блокирана со барања за градба и да крахира, вели Мартин Пановски, поранешниот претседател на асоцијацијата на архитекти во интервју за Локално. Уставниот суд пред една недела повторно донесе времена мерка за укинување на мораториумот за градба во општина Центар, што значи дека сега веќе не важи забраната за градба и важат старите планови, а инвеститорите може да бараат дозвола за градба. Веднаш по носењето на времената мерка градоначалникот на Центар рече дека за десет дена ќе почне постапка за суспендирање на дел од нелегалните урбанистички планови, во што Пановски гледа многу нејаснотии. Прашува зошто градоначалникот воопшто чекал до сега да ги суспендира овие планови и тврди дека во овој период би се давале многу одобренија за градба.

„Зошто до сега општината не донесе одлука за суспензија, бидејќи како мерка ја имаа на располагање од февруари 2020 година. Зошто 10 дена? Треба во тие 10 дена некој да добие одобрение за градба? Не гледам во суспензијата решение туку одолговлекување. Нема логична или законска основа зошто не се суспендираа плановите до сега, вели Пановски.

И да, како што вели, можно е да има дури и блокада на општината.

„Општината во скоро време да биде блокирана со барања за градба и да крахира. Во јавноста се зборува за неколку локации но мора да ви е јасно дека станува збор за многу проекти кои не се спорни во ниедна точка а чекаат три години да се одблокира општината. Напливот на предмети во општината ќе биде голем и не би сакал да сум на местото на колегите во општината, додава Пановски.

Самиот, како што вели, не е сигурен дека со држење на општината во кома ќе има и поквалитетен живот за граѓаните. Сигурен е дека урбанистичките планови не се единствениот виновник за состојбата на градот, во кои, како што изјавува, не пишува дека може да се застанува на сообраќајна лента и не пишува дека може да се поседуваат три автомобили. 

Пановски тврди дека ветувањата околу средувањето на хаосот со мораториумот биле залудни се видело уште на почетокот. 

„Кога сфатив дека ревидирањето на плановите го прават тројца луѓе, дека изработката на поправките оди по истата стандардна бавна процедура и дека на маса не се седнати инвеститорите на спорните локации, јасно беше дека мораториумот е популистичка алатка за остварување на политички цели на поединци а не изнаоѓање на решение и промена на состојбата. Кога на јавноста ќе и сервирате прашање дали сака парк или не, нормално е дека одговорот ќе биде дека сака парк. Но ако како власт го поставите тоа прашање имате сериозна одговорност тоа да може и да го направите. На сите им беше јасно од самиот почеток дека на тие локации е невозможно да има парк.Со ова создадоа гневни граѓани од една страна и гневни инвеститори од друга страна. Мораториумот на почетокот личеше како одлична идеја која за жал се претвори во популистичка мерка за собирање на поени кај гласачкото тело. Место во една година да се исправат „грешките” и да се развива градот, да се подобри јавниот простор во рамки на можното, три години се зборува за нереални зафати и затоа денес ги имаме на сила истите планови, вели Пановски.

Според него мораториумот во Центар предизвикал кампања дека градењето е криминал. 

„Ова е непоправливата штета за државата која мораториумот спроведен на ваков начин ја направи. Сега на потег е Централната власт да се справи со оваа тешка задача и да ја смени таа слика, бидејќи се надевам им е јасно дека не може економски да опстанеме со ваква политика, заклучува Пановски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази