Патниот правец Велес – Скопје е нормализиран
Објавено во: Мои пари 07 Март, 2015 10:19
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патниот правец Велес - Скопје е нормализиран.
Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато.
Поради одрон на патниот правец Кичево - Битола кај с. Железнец сообраќај се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри.
Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премини Стража , како и на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир. На патниoт правeц крак Маврово – Дебар, забранaта за движење на тешки товарни возила е сеуште во тек.
Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во целата држава, освен во јужниот дел каде врнежите се од дожд и снег.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




