ПАВЛИНКА ТРПОВСКА ВЛЕГУВА ВО БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ТЕТЕКС“ - ова е нејзината професионална кариера
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2024
Сегашната заменичка генерална директорка на тетовскиот комбинат Тетекс“, Павлинка Трповска, ќе биде членка на Одборот на директори на таа компанија.
До Собранието на акционери на ова друштво е испратен ваков предлог од страна на акционери кои застапуваат 51,2 отсто од акцииоте, и со оглед што во тие предлагачи влегуваат главните акционери, меѓу кои Иванка Гоговска, Бобан Гоговски, Лоди Гоговска, Жарко Трпковски и многу други, се очекува дека овој избор без проблем ќе помине на акционерското гласање.
Во делот на образование за Павлинка Трповска е наведено дека таа дипломирала на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, од 2000 до 2004 година, а потоа станала магистер по финансии на Staffordshire Univerzity, Stoke-on-Trent, Обединето Кралство. Има сертификати и за брокер и за инвестициски советник.
Всушност Трповска од 2005 до 2009 година работела во ТТК банка како координатор, инвестициски советник и брокер, а потоа од 2009 до 2021 година работела како самостоен советник и самостоен инспектор во Комисијата за хартии од вредност. Потоа, до 2023 година работела како раководител на Сектор за контрола и фонд менаџер во Вега фондови АД Скопје.
А, од 2023 година е во Тетекс, каде ја има позицијата заменик директор на компанијата.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.