„ПЕПЕЛ ПАЃА ВРЗ НАС, ОГАН НА СИТЕ СТРАНИ, ЛУЃЕ ПАНИЧНО БЕГААТ“: страшни сведоштва на жителите на Лос Анџелес - спас е океанот
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2025
Најмалку пет лица загинаа во пожарите кои од вторникот горат во областа на Лос Анџелес, на 100.000 жители им е наредено да се евакуираат, а 1,7 милиони клиенти се без струја.
Гласот на Америка известува дека првичниот пожар се проширил многу брзо, принудувајќи ги жителите на загрозените области на Лос Анџелес брзо да се евакуираат.
Налетот предизвика сообраќаен метеж, патиштата беа затнати, поради што многумина ги напуштија возилата и избегаа пеш.
Сообраќајниот метеж на Палисадес драјв ги спречи возилата за итни случаи да поминат, а булдожерот мораше да ги турне настрана напуштените автомобили и да го расчисти патот.
Жителката на Пацифик Палисадес, Келси Трејнор, рече дека единствениот пат во и надвор од нејзиното соседство е блокиран.
Околу нив паѓало пепел, додека од двете страни на патот горел оган.
- Гледавме, пожарот премина од едната страна на другата страна на патот. „Луѓето излегуваа од автомобилите со своите кучиња, бебиња и чанти, плачеа и врескаа“, рече Трејнор.
Долгогодишниот жител на Палисадес, Вил Адамс, рече дека веднаш отишол да ги земе своите две деца од парохиското училиште Сент Метјуз кога слушнал дека пожарот е во близина.
I just left the hellscape formerly know as Pacific Palisades where I’ve lived for 26 years. I’m mad at what I saw. Our politicians have failed us. Unprepared, unimaginative, understaffed, now overwhelmed. Heads must roll for this disaster. I personally saw 100+ homes fully… pic.twitter.com/8txvSJEZXd
— Wes Nichols (@wesnichols) January 8, 2025
Во меѓувреме, тој рече дека жар влетал во автомобилот на неговата сопруга додека таа се обидувала да се евакуира.
„Таа го остави автомобилот, кој се запали“, рекол Адамс.
Како и многу други жители, и тие се спуштија кон океанот.
Адамс рече дека никогаш не бил сведок на такво нешто во 56-те години колку што живеел таму.
- Лудо е, го има насекаде, во секое ќоше на Палисадите. Едната куќа е безбедна, другата гори“, рече Адамс.
Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER