Платформата на ДУИ прифатена од власта во владин документ уште во 2015 година
Објавено во: Македонија 17 Март, 2017 12:02
Речиси секој ден од партијата на Никола Груевски преку соопштенија го повикуваат опозицискиот лидер да Зоран Заев да ја отфрли „тиранската платформа“.
Меѓутоа, во нивните соопштенија не се осмелуваат да кажат дека приближно истата платформата со која албанскиот блок му даде потписи и поддршка на Заев за парламентарно мнозинство, и албанските прашања кои ги содржи таа не се новитет за нивниот лидер открива истражувачката студија на НОВА ТВ .
Фокус пренесувајќи ја таа студија пишува дека „не само што не е новост платформата за Груевски, туку од позиција на премиер тој во детали преговарал за точките од актуелната платформа која се наментна како средство за натпревар во наводна патриоштина од инволвираните страни во преговорите за влада, особено оние од власта.
Пишуваат дека Владата на Груевски се согласила на нов сеопфатен закон за употреба на јазиците и тоа идентичен на оној од платформата. Но во тоа време почнуваат „бомбите“, земјата влегува во криза и овој документ останал да чека нов парламент и влада за да биде и официјално пуштен во процедура во Парламентот. Владата дури и препорачала во Буџетот да се превидат пари за преведувачи, промена на таблите на институциите, печатење на материјали што укажува на сериозноста со која тие планирале да го спроведат овој документ.
Сите услови кои лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им ги поставува на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на претседателот на СДСМ,Зоран Заев, за формирање на нова Влада, уште пред една година се договорени во официјален владин документ.
Што се однесува до темите за кои се донесени заклучоци се децентрализација, правична застапеност, употреба на јазиците, образование, недискриминација и заедниците со помалку од 20% во населението, а горливото прашање кое ја крена на нозе граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во однос на употребата на албанскиот јазик во државните институции јасно е дефинирана уште пред една година.
Во делот на употребата на јазиците во документот меѓу другото пишува:
„Да им се дозволи на сите граѓани да се обраќаат на централните институции на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, без оглед на нивното место на живеење, да се обезбеди превод на подзаконски акти на албански јазик, да се обезбеди автоматско издавање на лични документи на службените јазици за граѓаните од албанската заедница, да се дозволи претседавањето на собраниските седници на албански јазик, да се разјаснат одредбите за јазикот во Законот за локална самоуправа и да се опфати и градот Скопје, да се стандардизира употребата на службените јазици за сите јавни знаци, обезбедување на целосно спроведување и унапредување на јазичните права во судскиот сектор.“, пишува во делот за потребата на јазиците во документот.
На овој линк може да ја прочитате целата сторија на НОВА ТВ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




