17 Декември, 2025
0.0674

ПОЦ има нов директор

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2018 14:40

Добивај вести на Viber

Васко Кичевски е новиот директор на ПОЦ

Васко Кичевски е новиот директор на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи" на Општина Центар – Скопје. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната средба, го именуваше Васко Кичевски за Директор на ЈП „Паркинзи" на Општина Центар – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот В.Д. директор Вангел Андрески.

[img src="https://www.mkd.mk/files/styles/statija-shiroka/public/article/2018/05/02/mkd-373300.jpg?itok=oYIrx2ba" width="753" height="565" alt="">

Васко Кичевски е роден на 21.11.1985 година во Скопје, Центар, Република Македонија. Основното и средното образование ги завршува во Скопје. Дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" – Скопје, насока – Индустриско инженерство и менаџмент. Учествува на многубројни интернационални натпревари за менаџмент и инженерски вештини и освојува четврто место за најдобар бизнис план на натпревар со над 300 натпреварувачи, организиран од ПСМ YES фондацијата, а под покровителство на SINTEF.

Во својата кариера, Кичевски беше маркетинг менаџер во Ајурведа ДООЕЛ Скопје, поранешен главен извршен директор на КК Работнички АД Скопје, а до скоро и советник во Советот на Општина Центар.


Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал