05 Октомври, 2024
0.0375

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе, дознава ,,Слободен печат”. Таткото на девојченцето за Слободен печат изјавил дека бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако тие го носеле во болницата. Помош побарале и во Клиниката Козле, каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника.

Извори од клиниката неофицијално за Слободен Печат велат дека бебето било примено силно тахикардично, со 70 проценти сатурација, а дадената дијагноза била бронхолитис, односно бронхопневмонија масива.

-Три пати ја носевме на Детска Клиника, цело време ни велеа, терајте дома, терајте дома, терајте дома. Потоа од Козле каде што ја задржаа ќерка ми, ја префрлија на Детска Клиника за хоспитализација. Утринава околу пет часот не кажуваа што се случува не даваа никаква информација. Само потоа гледам, починато. Три дена бевме таму и јас и брат ми, цело време ни велеа добро е и носете ја дома, нема потреба да ја држиме тука. Имам снимка од докторот каде го прашувам дали ако го држевте моето дете тука, ќе имаше спас за него, а каде тој вели ,,имаше спас, ама не било примено”. Утринава имаше полиција таму, зашто го скршив компјутерот со глава во цел стрес, што чекаат, да носам цвеќе?, изјави таткото на починатото 14 месечно девојче, Р.С. за Слободен печат.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне