18 Декември, 2025
0.1744

ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ: Тие се сега алфа и омега

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Март, 2020 11:36

Добивај вести на Viber

Матичните општи лекари и матичните гинеколози од вчера со нови промени во однос на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Дел од нив детално појансија како ги реализираат новините и во однос на боледувањата, препишувањето терапија, како и заверката на документите за ортопедски помагала.

-Промените се од вчера. Претходно можевме да дадеме боледување до седум дена на сите пациенти со дијагнози на долни и горни дишни патишта, а од денска веќе имаме право да дадеме боледување до 14 дена, без да се применуваат останатите дијагностичките критериуми. За да го продолжиме боледувањето,  пациентот претходно мораше да го препратиме кај специјалист, да направи лабораториски анализи, рентге, итн...но сега и без овие дополнителни испитувања, пишуваме боледувања до 14 дена, вели Д-р. Жаклина Арџелиева.

Додава и дека пациентите кои ги праќале на Комисија за продолжување на боледувањето по 14 дена, со новите мерки не мора.

-Доволно е само да ни се јават по телефон, да ни кажат дека е потребно продолжување на боледувањето и ние електоронски, сите документи ги праќаме до ФЗОМ.  Потоа Фондоти препраќа до лекарската комисија, која одлучува дали боледувањето ќе се продолжи, по што ФЗОМ ја презема електронски одлуката на лекарската комисија и електронски ја праќа кај матичмиот лекар, кој го известува пациентот телефонски за боледувањето.

Во однос на другите мерки, д-р Арџелиева вели дека сега имаат право да препишат терапија на хроничните болни, и во случај спицијалистичкиот извешај да им е постар од една година. Ова е се со цел да не се содава гужва во поликлиниките, болниците и клиниките, вели таа.

Издавањето и Заверката на ортопетските помагала исто така е една од мерките за превенција од короноавирусот, која ја превземаат матичните лекари. Во случај, матичниот лекар да е во излоација, редовната замена функционира, што значи дека пациентите треба да се јават кај замената на својот матичен лекар.

Најмногу се функционира по телефон, препораките се ако немаат потреба да не се оди ни кај матичните лекари.

Слично дејствуваат и матичните гинеколози. Д-р. Васо Коруноски вели дека пациентките кои немаат никакви проблеми, туку сакаат да направат редовни контроли, препорачуваме да не доаѓаат.

-Тоа што е според програмата за повикување за правење редовни пап-тестови по програма, се одложува додека не помине ваквата ситуација. Не се закажуваат ниту термини за мамографија, но доколку постојат одредени симптоми кај некоја од пациентките, секако дека ги прегледуваме. Сите пациентки кои имаат акутни болки, крварења ги примаме задолжително. Советуваме да не доаѓаат со деца на прегледи и да не доаѓаат со придружба ако нема реална потреба...Видно е намалена гужвата, пациентите ги почитуваат нашите препораки, потенцира д-р. Коруноски. 

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери