06 Октомври, 2024
0.0343

Почна изградбата на панорамското тркало

Објавено во: Економија 05 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Почна да се гради Панорамското тркало. Сместено е меѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“. За изведба на ова здание од проектот „Скопје 2014“ се издвоија финансиски средства во висина од 18,3 милиони евра,  јави Билд.мк. Сега се поставуваат темелите. „Барокниот“ објект ќе има дијаметар од 57 метри, при што истиот ќе се издигне 73 метри над брегот на реката Вардар. На тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми. Како придружни објекти ќе бидат изградени кафетерија, сувенирница и ресторан. Рокот за изведба е пет години. Барокното панорамско тркало е еден од најконтроверзните потфати во проектот „Скопје 2014“,пишува призма.мк. Неговата изградба беше овозможена со промената на деталниот урбанистички план на општина Центар во 2010 година. Во образложението на планот се вели дека парцелата во близината на некогашниот Офицерски дом ќе биде наменета за тематски забавен парк, со панорамско тркало за разгледување на градот. Изготвувањето на проектот ѝ беше доверенo на австриската „Hotelconcept GmbH“, според идејното решение на „Massabni architects GmbH“, исто така од Австрија. Финансирањето на проектот од Град Скопје во 2013 го презеде Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП откако Градот објави оглас за заинтересирани вложувачи, но практично зад финансирањето стојат јавни институции и државниот буџет кои како донатори треба да го снабдат скопското јавно претпријатие со дел од неопходните финансиски средства за претстојните градежни работи. Во 2014 година, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) одлучи да му донира еден милион евра на ЈСП-Скопје како помош при изградбата. Првичните проценки беа дека Панорамското тркало ќе чини 12 милиони евра, но тоа, уште неизградено, според склучените договори, веќе чини над 18 милиони евра. trkalo  

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?