19 Декември, 2025
0.0487

Почна продажбата на апартмани и изнајмување на деловен простор во статусниот комплекс Парк Резиденс

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2014 10:36

Добивај вести на Viber

На локација со многу зеленило, просторност и светлина, во скопскиот градски парк! Во срцето на градскиот парк во Скопје, на кејот на реката Вардар, со уникатен поглед кон скопската тврдина Кале, изграден по највисоките светски стандарди за луксузно апартмантско живеење, неодамна е пуштен во употреба луксузниот комплекс Парк Резиденс. Љубителите на убавиот животен простор ќе имаат ретка можност да купат апартман, на локација како на ретко кое друго место, да го живеат својот сон, и да ја реализираат инвестицијата на својот живот. Парк Резиденс е резиденцијален објект со статусни апартмани и хотел, во кој се инвестирани над 25.000.000 милиони евра домашен капитал , во изградбата се користени материјали од светските брендови како Cotto D' ieste, M&Z, VIP, BAUDZT, Progetti, Rossini, имплементирани се највисоки безбедносни стандарди, кои се потврдени и од овластените институции во земјата, што е повеќе од гаранција за високиот квалитет.
Навистина сме горди на овој објект. Парк резиденс е вистинска инвестиција, која сигурно ќе ги оправда очекувањата и на нај пребирливите. Апартманите ги карактеризира многу светлина,  одличен распоред, хармонија, и многу други детали на кои внимававме, за да овозможиме релаксација и задоволство за нашите клиенти, работи кои се неопходни за здрав и долг живот. Комплексот го карактеризира пре­поз­на­тлива фа­са­да, современ дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологија која е вгра­де­на во об­јек­тот, што сеопфатно Парк Резиденс го прави уникатен простор кој ги одзема воздишките на посетителите, изјави Бранкица Анѓелевска проект менаџер во Имморекс Македонија ДОО Скопје.
Апартманските и деловните единици поседуваат енергетско-ефикасен систем за греење и ладење и ги исполнуваат си­те највисоки европски тех­нич­ки и гра­деж­ни нормативи. Обезбеден е 24-часовен мониторинг на целиот објект, видеофонија, алармен систем, централно греење и ладење, вклучувајќи и комплетна инсталација со фенкојлери и геотермални пумпи за точно мерење на потрошената енергија. Комплексот се состои од вкупно: 126 апартмани, деловен простор, хотел на 5 ката, обезбеден паркинг, на вкупна изградена бруто површина од 32.264м2. Сите оние кои ќе живеат во овој комплекс или ќе престојуваат во хотелот ќе имаат на располагање и спа и фитнес центар, и многу други подобности, сите на едно место.

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА