ПОЧНАЛ КАКО РИБАР, А НЕМАЛ НИТУ СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ЗАВРШЕНО: Сега за милијардерот од Скандинавија се гради наголемиот истражувачки брод
Објавено во: Економија 13 Декември, 2024
Во Норвешка се
гради најголемата јахта во светот. Станува збор за комбинација од истражувачки
брод и јахта, зад која стои Kjell Inge Røkke. Тој е еден од најбогатите
Норвежани, кој кариерата ја започнал како рибар кој не завршил ниту средно
училиште.
Норвешкиот филантроп Kjell Inge Røkke трпеливо ја чека својата јахта, најголемата во светот. Додуша, се работи за пловило кое е мешавина од јахта и истражувачки брод, со акцент на второто.
Овој глобално прилично непознат милијардер се наоѓа на 821. место на листата на „Форбс“ со богатство од 4,3 милијарди долари. Кариерата ја започнал како млад 18-годишен рибар без завршено средно или високо образование. Работејќи на рибарски бродови на Алјаска, по шест години успеал да собере капитал за да купи 21-метарски рибарски брод. На почетокот не му одело баш најдобро, но работите тргнале на подобро кога, со помош на Роберт Бресковиќ, американски бизнисмен со хрватско потекло, вложил во подобар брод. Подоцна, со помош на Бресковиќ, неговата флота растела, па основал рибарска компанија American Seafoods Company во Сиетл.
Ловејќи риба на Алјаска, успеал да се збогати, по што се вратил во Норвешка. Ги обединил своите компании во норвешко-американската групација Resource Group International (RGI), а потоа, со купување на удели, станал најголем акционер во компанијата Aker. Ги споил овие компании и создал холдинг Aker RGI ASA, чиј директор е и денес. Голем дел од приходите на овој холдинг, кој само во Норвешка вработува околу 18.000 луѓе, доаѓаат од нафта и гас.
Незадоволен од високите даноци, во 2022 година се преселил во Швајцарија, за што ги информирал акционерите на компанијата. Рекол дека времето на пандемијата со Ковид-19 покажало дека работата може да се извршува и од далечина, поради што преселбата не би требало да влијае на неговото управување со фирмата. Својата вила во Норвешка, вредна 8,5 милиони евра, тогаш ѝ ја подарил на својата поранешна сопруга и децата.
Вети дека ќе донира половина од богатството
Dmarge.com известува дека Røkke ветил дека ќе донира половина од своето богатство за заштита на животната средина. Во таа насока се движи 195-метарскиот REV Ocean, вреден половина милијарда долари. Овој брод е именуван по истоимената иницијатива што ја започнал Røkke, а ќе биде посветен на истражување на морето и зачувување на океаните. Може да прими 60 научници и 30 членови на екипажот во конфигурацијата на истражувачки брод и 36 гости и 54 членови на екипажот во конфигурацијата на јахтата.
Опремен е со кино, теретана, џакузи и конференциска сала, бродот го придвижуваат четири дизел-електрични мотори кои сепак обезбедуваат максимална брзина од 18,5 јазли и опсег од дури 21.000 наутички милји или 38.900 километри, што е само малку помало од обемот на Земјата на екваторот.
Изградбата на REV Ocean започна во 2017 година, но во еден момент испораката беше одложена. Според некои медиуми, јахтата ќе биде испорачана во февруари 2025 година, но рекламите за екипажот откриваат дека дури тогаш ќе следи период на средување и подготовка за прво испловување. Во нив како датум на претставување на бродот е наведена средината на 2026 година.
Еколошката компонента на бродот е силно застапена. Меѓу другото, ќе има и еколошки пластичен инсинератор каде ќе исчезнат најголемиот дел од штетните гасови. При презентацијата на плановите за негова изградба се разговараше и за опцијата за собирање микропластика од морето. Røkke се збогатил благодарение на морето, па сака да врати дел од парите преку негова заштита.
фото: EPA/Lien, Kyrre* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.