ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НИВ: Исчезнаа тројца тинејџери
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2024
Полицијата трага по тројца тинејџери кои исчезнаа.
Во изминатите 24 часа, скопската полиција е во интензивна потрага по тројца малолетници кои се оддалечиле од своите домови и установа.
Исчезна И.И.(14) од Битола, штитеник на Јавната установа за згрижување деца во Карпош. Вчера околу пладне, момчето кое и претходно имало тенденција да се оддалечува, повторно го направило истото.
Неколку часа подоцна, во Полициското одделение Шуто Оризари, пријавено е исчезнувањето на 15-годишниот М.Ш. од Скопје. Неговиот дедо, Н.Ј., изјавил дека и овој тинејџер претходно се оддалечувал од домот.
Последниот пријавен случај е во ноќните часови, кога 36-годишната Е.Т. пријавила дека од домот ѝ исчезнала нејзината ќерка, А.Т. на возраст од 16 години.
Полицајците го пребаруваат теренот, комуницираат со семејствата, пријателите и познаниците на децата, како и со сите релевантни институции.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.