Полицијата уапси три лица кои го тепале градоначалникот на Арачиново
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2022
Полицијата уапси три лица кои го нападнаа градоначалникот на Арачиново, Ридван Сулејмани.
Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од Р.И. дека го нападнале во неговата канцеларија во општина Арачиново.
Известен е јавен обвинител и во координација со ОЈО Скопје, и по целосно документирање на настанот, против тројцата ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело Насилство по чл.386 од КЗ.