01 Ноември, 2024
0.0405

Полицијата уапси двајца Бугари кои измамиле повозрасни лица и ги оштетиле за илјадници евра

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Полицијата приведе двајца измамници од Бугарија, кои се обидувале да изнудат пари од постари лица. 

Полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа К.О.И.(51) и Г.Е.М. (56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија кои со измама се обиделе да земат 20.000 евра од 65-годишна жена од Скопје.  Tие ја лажеле жената дека нејзината ќерка прегазила дете и дека тие ќе и помогнеле за да не оди во затвор.

Вчера кај 65-годишната жена од Скопје на телефон се јавило непознато лице кое се претставило дека наводно е полициски началник и кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што згазила дете и ако сака да ја спаси од затвор требало да му даде 20.000 евра. Оштетената му рекла дека има дома само 7.500 евра, а другите пари ќе ги даде дополнително. Измамникот рекол парите што ги има да ги даде веднаш, а останатите наредниот ден, па оштетената околу 16:00 часот на локација во општина Аеродром ги дала парите на, за неа, непознато лице. Денеска, измамникот повторно се јавил околу 7 часот, по што оштетената го пријавила случајот во Полициска станица Аеродром.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презедоа соодветни мерки и активности за приведување на измамниците и дадени се насоки на оштетената како да постапува. Откако на подрачјето на општина Центар оштетената му ги дала парите на измамникот, тој е лишен од слобода и утврдено е дека станува збор за К.О.И.. Веднаш потоа е приведена и Г.Е.М., која го чекала во ресторан, во близина на местото каде К.О.И. беше лишен од слобода. Кај нив се пронајдени пари кои потекнуваат од кривични дела. К.О.И. во службен разговор го призна делото, а признал и дека на сличен начин измамил лице од Кавадарци и лице од Охрид. По документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Полицијата апелира граѓаните да на наседнуваат на вакви измами и да пријават во полиција. 

Можеби ќе ве интересира

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?